Забава
Куќата на семејството Адамс ги отвори вратите за посетители

Вила уредена во стилот по култната серија ќе биде достапна за посета на љубителите на хорор-жанрот.
По неодамнешната премиера на анимираниот филм „Семејството Адамс“, обожавателите сега имаат можност да ја минат ноќта во вила направена по пример на куќата на познатата фамилија. Вилата е дизајнирана во стилот на Мортиша Адамс, а посетителите ќе можат да видат многу препознатливи предмети од познатата играна серија.
ICYMI: @bookingcom Is Giving Fans the Opportunity to Stay in the Addams Family Mansion This Halloween https://t.co/1EmDFnq7Jh #TheAddamsFamily #MeetTheAddams
— All Hallows Geek (@AllHallowsGeek) October 10, 2019
Вилата стара два века е лоцирана во Бруклин, а фановите на хоророт и семејството Адамс ќе можат да преспијат во куќата од 28 октомври до 1 ноември и така да ја прослават Ноќта на вештерките. Бидејќи вилата има три спални соби, само шестмина најбрзи фанови ќе ја поминат ноќта во „проколнатата куќа“, а за едно ноќевање ќе се наплаќаат по 100 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт „Бесмртна“

По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.
Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито.
Концертот се најавува не само како музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста.
„Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции“, вели Бојана.
Забава
Атрактивната пејачка Симона Поповска со слика на хаотична убавина, живот обоен од емоции и страсти го промовираше видео спотот за „Бели ноќи“

Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта, искушенијата и трансформацијата на човековата душа.
„Бели ноќи“ носи урбан поп звук и текст кој отвора прашања: „Кој е тој што нема тајна, нема рана? Ти си мојот порок, моја мана.“ Текстот, чиј автор е Робин Зимбаков, е приказ на човечката слабост, но и на силата да се прифати сопствената автентичност. Музиката и аранжманот се со потписот на Панче Касапски, мастеринг Дулелуд , додека зад видеото стојат Крсте Шупев и Стефан Петровски.
Видеото започнува со апсолутна белина како симбол на почеток и невиност, но постепено се преобликува во маслинестозелена боја која носи двојна симболика – раст и обнова, но и хаос, несовршеност и непредвидливост. Во финалето, белината исчезнува, оставајќи ја сликата на хаотична убавина – живот обоен од искуства, емоции и страсти. И тогаш доаѓа дождот како прочистувачка сила што го симболизира новото раѓање.
„Филозофијата е јасна – животот не е создаден за да остане совршен и недопрен. Тој е создаден за да се живее, да се обои и да се преобрази. Трагите не се мани – тие се доказ за раст и идентитет“, – вели Симона, која со „Бели ноќи“ уште еднаш ја потврдува својата способност да создава музика што ја надминува забавата и носи уметничка порака.
„Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона Поповска.
Забава
„Таа ми ја врати насмевката по скршено срце“: конечно ја официјализираа својата врска

Иако долго време се шпекулираше дека се во врска и всушност никогаш не добивме официјално признание дека се нов славен пар, љубовната врска помеѓу Џенифер Анистон и Џим Кертис е дефинитивно вистинска.
Откако актерката и ѕвезда од култната серија „Пријатели“ неодамна објави фотографии на кои го „крие“ своето ново момче, а нејзините обожаватели не го пропуштија, Џим отворено проговори за нивната врска и нагласи дека Џен му ја вратила насмевката на лицето по „нездравата врска“ во која бил, според Дејли Меил.
Во емотивно писмо до своите следбеници, тој ја потврди својата романса со Џенифер, иако во ниту еден момент не ја именуваше. Сепак, не беше тешко да се заклучи за кого станува збор.
„Повторно ја пронајдов љубовта, но дури откако научив како да се усогласам со љубовта одвнатре кон надвор“, напиша тој.
„Неодамна бев на многу поинакво место отколку што сум денес. Бев скршен од болка, физички и емоционално. Нездравата врска ме остави скршено срце и ме остави да се прашувам колку навистина вредам. Ја репрограмирав мојата потсвест, што ми даде самодоверба за која дури и не знаев дека ја имам“, објасни Џим.
Тој и познатата актерка првпат се поврзаа во јуни, кога за прв пат беа видени заедно во хотел во Калифорнија, а потоа поминаа време во Шпанија, кога сè стана многу појасно.
фото: принтскрин