Контакт

Забава

Куќа – вселенски брод во Малибу се продава за 14 милиони долари

Објавено пред

Неверојатна куќа во Малибу, Калифорнија, која личи на вселенски брод, се продава по цена од 14 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Позната како Ravenseye, куќата со три спални соби била изградена во 1997 година и е дизајнирана од архитектот Хари Геснер, кој е познат по изградбата на најпознатата Wave House од 1957 година на плажата на Малибу.

Куќата, која се протега на над 4.000 квадратни метри, има тавани високи 25 метри, прозорци врамени со дрвени лакови што гледаат кон Пацификот и заоблени камини што личат на прозорците.

Масивни греди се испакнуваат од куќата и како нозе на пајаците продолжуваат кон земјата.
Надвор има базен, топла када и туш на отворено.

Продавачот Гавин Каин, англиски бизнисмен, ја купи куќата за 3,895 милиони долари во 2008 година.

Тој заедно со архитектот Геснер работел на детаљно реновирање на имотот, преуредување на прозорците и проширување на кујната.

Тој ја продава куќата бидејќи не поминувал многу време на Малибу.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски

Објавено пред

Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.

dobivaj vesti na viber

Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.

Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“

Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.

Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих

Објавено пред

На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.

dobivaj vesti na viber

Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Beauty Official (@diorbeauty)

Прикажи повеќе...

Забава

Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд

Објавено пред

Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lambepageantz (@lambepageantz)

Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“,  објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој...

Македонија2 часа

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион4 часа

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...

Македонија16 часа

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната...

Свет18 часа

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот...

Регион23 часа

(Видео) Снежните врнежи го парализираа регионот: застои во сообраќајот во Сараево, автомобили заглавени кај Сплит

Обилните снежни вренежи предизвикаа проблеми во регионот, а снег падна во Босна и Херцеговина и Хрватска, каде што дојде до...

Македонија23 часа

Настапувал без дозвола: Аца Лукас приведен на концерт во Кавадарци

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект. Според...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Кацарска поради предметот за линеарното зголемување на пензиите, од Уставен велат дека прозивките се преседан

На прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска бара укинување на зголемувањето...

Македонија1 ден

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова со честитка: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик...

Свет1 ден

Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²...

Македонија2 дена

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Свет2 дена

Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина

Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде...

Топ2 дена

Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Свет2 дена

Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати...

Регион2 дена

Припаѓате во ЕУ со полнo правo: Кос до земјите од Западен Балкан

Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови

Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија2 дена

Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентира резултати...

Топ2 дена

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа...