Забава
Лагите на Амбер Херд го нарушија угледот на Џони Деп, тврдат неговите адвокати
Според адвокатскиот тим на холивудскиот актер Џони Деп, поранешната сопруга Амбер Херд со своите лаги засекогаш му наштети на неговиот углед.
Деп поведе тужба за клевета против Херд поради напис во „Вашингтон пост“, во кој таа се опишува себеси како жртва на семејно насилство. Тој бара отштета од 50 милиони долари. Херд реагира со контратужба. Таа тврди дека не го навела неговото име во статијата и бара 100 милиони долари отштета.
Во своите воведни аргументи адвокатот на Деп рече: „Денес неговото име се поврзува со лага, односно тврдење на неговата поранешна сопруга. Ќе дознаете за време на судењето дека обвинувањата на госпоѓицата Херд биле поттикнати од барањето на господинот Деп за развод“.
„Никој никогаш во последните пет децении не го обвинил гoсподинот Деп дека е насилен со жена. Избирајќи да лаже за својот сопруг за своја лична корист, Амбер Херд засекогаш му ја промени репутацијата на господинот Деп“.
„Ова е случај на клевета, ова е случај за тоа колку погубни може да бидат зборовите кога се лажни и јавно изговорени. Лицето што дава лажна изјава за некој друг треба да сноси одговорност. Тоа е затоа што зборовите се важни. Тие даваат слика во нашиот ум“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.
Забава
(Видео) Ен Хатавеј доживеа незгоден момент во шоуто на Џими Фалон
41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на филмот The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.
Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“
“We don’t read. This is the Tonight Show. You wanna go over to Stephen Colbert if you wanna get people that read books.”
You could hear a PIN DROP I’m fucking crying help ??? 💀 pic.twitter.com/0B6Q0b53jY
— Taylor Robinson (@finelytaylored) April 30, 2024
Одговорот на публиката беше – целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недостатокот на реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси.
Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекина тензијата во студиото, а публиката и актерката се насмеаа.