Забава
Лекар и реална ѕвезда со убави гестови ги расположува своите пациенти
Поранешната sвезда на емисијата „Лав Исланд“, доктор Алекс Џорџ (29), сфаќа колку е тешка оваа ситуација за сите додека трае пандемијата на коронавирусот. Тој се обидува со убави гестови да ги насмее и расположи своите пациенти со цел што побргу да го поминат ова трауматско искуство. Поради тоа, тој секој ден на својата медицинска опрема ја лепи својата фотографија во костим за капење, која претходно ја има отпечатено во црно-бела боја.
„Толку многу пациенти се исплашени, особено кога ќе нè видат во медицинска опрема. Мислев дека можам да ги насмеам на тој начин, барем на една секунда“, им рече Алекс на странските медиуми.

Тој ја објави фотографијата на својот профил на „Инстаграм“, а неговите следбеници го пофалија и му напишаа дека тој навистина е вистински херој. Алекс неодамна се пожали дека најтешкиот дел од неговата работа е да ги утеши семејствата на пациентите со коронавирус.

Минатата недела тој рече дека е емоционално исцрпен и призна дека имал неколку смртни случаи поврзани со коронавирусот во лондонската болница каде што работи. Тоа го погодило.

„Работиме цел ден и ноќ за да најдеме идеална вакцина која ќе придонесе за имунитетот“, рече лекарот кому најмногу му недостига дружењето со неговата девојка Амелија.
Тој смета дека би било идеално кога луѓето би можеле да попримат поблага форма на вирусот, па да станат имуни на него ако повторно се појави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка го покажа своето тело откако ослабе 90 килограми
Инфлуенсерката Кери О’Кејн привлече внимание на социјалните мрежи со својата трансформација откако ослабе 90 килограми. Нејзините нови провокативни видеа наидоа на добар прием кај сите.
@kerriokane Needed more than a hug #fyp #foryoupage #viral #transformation ♬ original sound – music.rly
Како што самата откри, тежела 140 килограми и се чувствувала депресивно, па затоа решила да се подложи на операција на намалување на желудникот. На Кери ѝ требаше уште една година за да ја постигне својата цел и да покаже како изгледа по сите процедури.
@kerriokane Im back i broke my phoneeee #fyp #foryoupage #viral #gastricsleeve #transformation ♬ original sound – Akbar Gbajabiamila
На социјалните мрежи ја следат голем број луѓе, само на TikTok над 70 илјади, а добила и бројни лајкови кога го покажувала својот напредок од ден на ден. Видеата со снимки „пред и потоа“ дури и им донесоа солзи на очите на некои.
Покрај нејзиното тело, таа го промени и начинот на облекување, а не недостасуваа и коментари за поддршка.
Многумина се воодушевени од нејзината упорност, но и од нејзиниот зачудувачки изглед, со оглед на тоа што Кери сега често објавува жешки снимки на мрежите и предизвикува воздишки кај своите обожаватели.
„Ме мотивираш“, „Честитки“, „Сега изгледаш како божица“, „Пукаш од самодоверба“, беа дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ја напаѓаа поради лошите перики: Сега им ја покажа својата природна коса
Актерката Никол Кидман е многу актуелна откако беше објавено дека се разведува од Кит Урбан по 19 години брак.
Брзо се проширија гласини дека Урбан веќе си нашол нова девојка, но Никол одби да коментира.
Со оглед на нејзиното неодамнешно појавување на Неделата на модата во Париз, Никол беше мета на негативни коментари за впечатливата перика што ја носеше, а сега реши да се смири со своите обожаватели.
Папараците ја фотографираа на аеродромот во Сиднеј, лежерно облечена, но и со нејзината природна виткана коса, и сите веднаш се согласија дека најмногу ѝ стои.
„Има толку убава коса, не знам што ѝ прават периките“, „Природната коса најмногу ѝ стои“, „Таа перика беше вистински неуспех“, „Има совршена природна коса“, беа некои од коментарите.
Да знаеше Никол Кидман како ќе реагираат луѓето на вештачките екстензии за коса и периката што ја носеше, веројатно никогаш немаше да го направи тој чекор. По пофалбите што ги доби за нејзината природна коса, дефинитивно сега ќе изгледа вака почесто.
Забава
(Видео) Голите фустани не се за секого: Инфлуенсерка проба неколку модели, па стана вирална
Трендот на голи фустани е позастапен од вообичаеното, а најмногу ги сака актерката Дакота Џонсон, која на некој начин ги направи познати.
Кога голите фустани за прв пат се појавија на црвениот тепих, имаше вистински „бум“. Потребна беше многу храброст за да се носат вакви модели, и тогаш и сега, но денес тие граници се малку поместени. Последната во низата што гордо прошета во еден од овие фустани беше Анџелина Џоли.
Ова ја поттикна и инфлуенсерката Дана Ричи да попушти и да проба некои модели, за кои навистина ви треба многу храброст.
„Како изгледа онлајн, а како во реалноста со трендот на голи фустани или како модните брендови ќе ме стават на црна листа… Златната дефинитивно ми е омилено, но не знам кога воопшто би го носела. Што мислите?“, напиша таа во описот на своето видео.
Инфлуенсерката проба златен, целосно транспарентен, а потоа и мрежест со цветни мотиви, кој сепак не ѝ се допадна.
„Опседната сум со злато“, рече таа, иако долната облека под неа беше јасно видлива.
Имаше модели со чипка, а имаше и фустан што личеше на рибарска мрежа. Едно е сигурно, за секој од овие модели ви треба многу храброст и самодоверба.
Видеото предизвика мешани реакции; имаше и такви на кои им се допадна, но и такви кои ги критикуваа нејзините избори и ѝ рекоа да се држи до некои природни материјали.

