Забава
Леонардо ди Каприо се шеташе на пазар во фустан, откри актерката Миријам Марголис
Актерката Миријам Марголис отворено зборуваше за своето неочекувано пријателство со Леонардо ди Каприо за време на снимањето на филмот „Ромео и Јулија“.
Таа ѝ раскажа на колумнистката на „Дејли мејл“, Брајони Гордон, како со холивудската ѕвезда поминувале часови купувајќи заедно на пазарите во Мексико Сити, каде што носењето фустани од страна на Ди Каприо довело до збунетост.
Марголис го пофали неговиот извонреден актерски талент и единствен начин на гледање на светот потсетувајќи се дека го запознала кога имал само 21 година.
Во поткастот The Life of Bryony зборуваше за својата кариера и ја промовира автобиографската книга The Little Book of Miriam.
„Мислев дека Леонардо ди Каприо е геј. Носеше фустан и, не знам, имав чувство дека сакаше коментар. Мислам дека му годи кога луѓето зборуваат за него“, изјави актерката.
„Бевме во Мексико Сити и одевме на шопинг. На сетот реков дека сакам да одам на пазар, а Лео ме праша дали може да оди со мене. Дојде во фустан – не знам зошто носеше фустан, тоа треба него да го прашате. Се сеќавам дека беше летен фустан, беше жешко тој ден“, додаде таа.
„Му реков: ‘Мислам дека си геј’. Тој ми одговори: ‘Не сум, не сум’. Јас инсистирав: ‘Мислам дека ќе сфатиш дека си, грешиш’. Сепак, тој не е геј. Мојот геј-радар тогаш згреши“, изјави Марголис.
Таа со насмевка се присети на соработката со младиот Ди Каприо опишувајќи го како навистина фин човек.
Во познатата адаптација на „Ромео и Јулија“ на Лурман од 1996 година таа ја играше дадилката.
„Беше многу драг, одличен актер и супер партнер за шопинг. Многу го засакав. Ми се допаѓаше начинот на кој гледаше на животот, а во филмот беше фантастичен“, истакна актерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Галеб се судри со новинарска додека снимаше репортажа и ја повреди
Репортерката Џесика Тајсон снимала репортажа во деловниот кварт на Окленд, Нов Зеланд, кога ѝ се случила сосема бизарна ситуација: галеб ѝ се забил во лицето и предизвикал крварење кај окото.
32-годишната новинарка сепак ги насмеа сите со својата реакција, а видеото го објави самата на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
„Само се обидувам да си ја работам работата додека природата има други планови“, напиша таа со објавата и предизвика бројни реакции во коментарите.
Виралното видео брзо собра повеќе од 200 илјади прегледи и шест илјади лајкови во рок од неколку часа.
„Можеме ли да се смееме или е прерано?“ пишува во коментарот под објавата.
„Да, се смеев околу 10 минути откако се случи, хахаха“, додаде таа.
Забава
Џорџ Клуни: Децата ги добив многу доцна и поради тоа ми е многу полесно
Прославениот холивудски глумец Џорџ Клуни (64) веќе повеќе од една деценија ужива во бракот со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), со која пред осум години ги доби близнаците.
Тој е среќен што во улогата на татко се остварил подоцна од своите врсници.
Глумецот дал пократко интервју за „Тајмс“ во кое зборувал за тоа како луѓето најчесто мора да жртвуваат време поминато со семејството за да се посветат на работата и да градат кариера, што нему не му се допаѓа.
„Но погледнете ме мене, мене ми е полесно. Децата ги добив многу доцна и така потоа можев да поминувам многу повеќе време со нив. Кога сте млади, тоа е многу тешко“, рекол Клуни.
И Џорџ и Амал се трудат да им обезбедат мирно детство, далеку од медиумите и сите холивудски случувања, па животот во Лос Анџелес го замениле со фарма во Франција.
„Бев загрижен околу одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес. Чувствував дека никогаш нема да добијат фер шанса во животот. Културата во Франција многу се разликува од американската, таму на луѓето не им е грижа за славата. А јас не сакам нашите деца да ги споредуваат со децата на други славни личности“, заклучил тој.
Забава
Три хороскопски знаци ќе имаат најголеми финансиски проблеми оваа зима
Зимските месеци носат поголеми трошоци и финансиски притисоци, а според астрологијата, три хороскопски знаци особено ќе се соочат со проблеми и ќе мора да внимаваат на секој денар.
Близнаци – поради импулсивно трошење и променливо расположение тешко се држат до буџет и лесно влегуваат во финансиски потешкотии.
Лав – сакаат удобност и раскош, па често трошат повеќе отколку што можат. Тешко признаваат финансиски проблеми, што доведува до ненадејни ограничувања и стрес.
Риби – великодушни и емоционални, често трошат за себе и за другите без јасен план. Зимата им носи дополнителен стрес поради неорганизирано финансирање.

