Забава
Лејди Гага го откри името на својот нов албум

Познатата пејачка Лејди Гага (33) откри дека ќе го именува својот нов албум по британската пејачка Адел.
Гага преку „Твитер“ ги извести своите 79,5 милиони следбеници дека албумот ќе го носи името Адел, што многумина ги одушеви и предизвика низа коментари.
„Следниот албум ќе го наречам Адел“, напиша Гага на својот твит и доби повеќе од 392.000 лајка.
Гага и Адел никогаш не соработувале, но се фотографираа заедно зад сцената на доделувањето на наградите „Греми“ во 2017 година. Исто така, познато е дека овие две пејачки немале несогласувања и дека меѓусебно многу се почитуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кој би помислил дека оваа жена има 67 години: нејзините фотографии во костим за капење воодушевуваат

Иако не е толку активна во актерскиот свет, легендарната Шерон Стоун е, навистина, вреден член на социјалните мрежи. Таа често објавува фотографии од големи настани, но и оние што ја скокоткаат имагинацијата на љубопитните набљудувачи.
Неодамна „закачи“ фотографија на Инстаграм во едноделен костим за капење и може да се каже дека кралицата на секси изданијата нема намера толку лесно да се откаже од летото и атрактивните комбинации.
Шерон гордо позираше на брод, а нејзината витка фигура, како и насмевката на нејзиното лице беа забележливи. Актерката едноставно блеска во подоцнежните години, а нејзините бројни обожаватели на мрежите го забележаа тоа.
„Прекрасна си“, „Уживај убавице“, „Толку си мила“, се само дел од коментарите…
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Марија Шерифовиќ слезе меѓу публиката да пее, а една девојка се обиде да ѝ го земе микрофонот, пејачката изреагира

Пејачката Марија Шерифовиќ настапи во Македонија, а снимка од овој настап се споделува на социјалните мрежи.
@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound – Good_boy_
Една девојка се обиде да го земе микрофонот од Марија за да може да пее со неа, но пејачката веднаш возврати. Таа накратко престана да пее и луто рече: „Мрш“, со израз на чудење јасно видлив на нејзиното лице.
Забава
(Фото/Видео) Првата прегратка по 20 години од разводот: поранешните љубовници не ја кријат својата среќа

Поранешните сопружници Чарли Шин и Дениз Ричардс присуствуваа на премиерата на филмот „Чарли Шин“. Актерите разменија пријателски прегратки на црвениот тепих, па дури и се фотографираа заедно за странските медиуми.
Што се однесува до нивните комбинации, Чарли одлучи да носи црно пругасто одело за пригодата, кое го комбинираше со обична бела кошула.
Од друга страна, Дениз избра комплет – широки панталони и краток топ во црна боја изработен од сјаен материјал. Стилот го комплетираше со минимална шминка, брановидна коса и најобична огрлица.
Ова е првото заедничко појавување на Чарли и Дениз по разводот. Претходно, на 1 април се сретнаа по повод нејзиното реално шоу, кога Шин гостуваше во една епизода.
Чарли и Дениз беа во брак од 2002 до 2006 година и заедно имаат две ќерки – Лола и Семи.
фото: принтскрин