Забава
Лејди Гага не сака да биде сама
Авторката на хитот Poker Face признава дека било тешко да се биде во нејзина кожа по низата пропаднати врски – меѓу другите и со поранешниот свршеник Кристијан Карино, потоа следниот свршеник Тејлор Кини, како и краткотрајната романса со инженерот за звук Ден Хортон – и признава дека имала многу проблеми со својот нов статус.
Говорејќи на шоуто „Кајл и Џеки О,“ Лејди Гага рече: „Тоа беше навистина тежок процес за мене затоа што поминував низ непријатно време во мојот живот… Јас навистина имав проблем со мојот личен живот, не ми се допаѓаше да бидам сама. Чувствував дека мојата кариера ја презема контролата и дека всушност немам доволно време за себе и бев многу тажна“.
Минатиот месец Лејди Гага на службениот „Инстаграм“ обелодени романса со нов маж – Мајкл Полански, споделувајќи ја првата слика од нив заедно.

На фотографијата Гага може да се види како му седи во скутот на Мајкл. Но, пејачката на мегахитот Shallow допрва треба да го потврди името на својата нова љубов бидејќи на фотографијата на Гага никој не беше тагнат или обележан, а таа не го именуваше Мајкл во описот, во кој пишува: „Супер се забавувавме во Мајами. Им праќам љубов на сите мои мали чудовишта и фанови, вие сте најдобри!“
Минатиот месец тие беа видени како се бакнуваат на балкон во хотел, а исто така беа видени додека се држат за рака и се бакнуваат на новогодишната ноќ.
Извор близок до пејачката тогаш рече: „Гага е во врска со ист човек повеќе од еден месец. Се гледале пред празниците и таа е луда по него“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

