Забава
По пожарот, Лијам Хемсворт ја посети вилата во која живееше со Мајли Сајрус
Страшниот пожар во Калифорнија ја однесе и куќата на познатиот актер Лијам Хемсворт во областа Малибу.
По пожарот, актерот се врати во својот дом во кој живееше со пејачката Мајли Сајрус, со која ја обнови свршувачката минатата година.

Лијам на „Инстаграм“ објави тажна сцена од некогаш со љубов опремената куќа, која сега беше целосно уништена. Меѓу урнатините се наоѓа и изгорениот натпис „љубов“.
„Нашето срце е скршено веќе неколку дена. Ова остана од мојата куќа. Љубов. Многу луѓе на Малибу и во околните градови во Калифорнија ги изгубија своите домови и моето срце е со сите што ги изгубија своите домови. Вчера поминав цел ден на Малибу и беше прекрасно да се видат луѓето како меѓусебно се држат заедно и си помагаат колку што можат. Ве сакам, луѓе. Те сакам, Малибу. Тоа ќе биде голема авантура на патот кон нова изградба“, напиша актерот на „Инстаграм“.
Инаку, најголемиот и најсмртоносен пожар во историјата на САД им ги уништи домовите на Орландо Блум, Кејтлин Џенер, Џерард Батлер, Ким Кардашјан и на многу други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Пролетта нè повикува: 5 безвременски комбинации со бели панталони
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои.
Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер.
Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони.
Еден начин е да ги комбинирате со меки, зимски ткаенини како волна или кашмир. Пар бели панталони можат да додадат сјај на вашиот стил, а воедно да обезбедат топлина и удобност.
За лежерен зимски изглед, размислете за комбинирање на бели панталони со топол џемпер или стилска јакна. Можете исто така да додадете пар чизми за зимски изглед.
Ако сакате да создадете ексцентричен и модерен outfit, комбинирајте ги белите панталони со смело обоен капут.
За поформални настани во зима, не плашете се да изберете бели панталони во комбинација со стилски долг капут. Белата боја ќе даде елеганција и софистицираност, а во исто време совршено ќе го надополни вашиот outfit.
Одлична опција е да комбинирате бели панталони со капут. Облека која ќе ви обезбеди неспоредлива топлина и стил.
Забава
(Видео) Нејзините густи веѓи ја направија позната, но сега луѓето ја молат да ги среди
Моделот Софија Хаџпантели изгради успешна кариера како модел благодарение, верувале или не, на своите густи веѓи кои одбива да ги стилизира или, подобро кажано, да ги „кубе“.
Таа позираше за бројни реномирани модни списанија, како што се „Вог“, „Ел“, „Харперс Базар“, кои ја препознаа нејзината специфична убавина, имено нејзините веѓи.
Сепак, животот на Софија не е секогаш „мед и млеко“. Поради нејзината одлука да не ги „кубе“ своите природно густи веѓи, таа често е мета на јавни критики и лоши коментари. Сепак, таа вели дека туѓите мислења не влијаат на неа.
„Едноставно ми се допаѓа како изгледам“, рече таа. „Мислам дека, генерално, исто е и со другите работи во животот, ако нешто ми се допаѓа, токму тоа ќе го правам!“
Причината зошто не ги кубе веѓите
Софија нагласува дека советите на нејзината мајка многу ѝ помогнале во нејзината перцепција за женската убавина. Имено, моделот истакна дека нејзината мајка, уште како дете, ја советувала да не ги стилизира густите веѓи.
„Растејќи, мајка ми ми велеше: „Воопшто не ги допирај веѓите. Не ме интересира што прават другите луѓе, не ги допирај“, се присети таа во интервју за „Style Like U“.
Реакциите на јавноста се поделени
Додека некои тврдат дека ова е храбар потег и ѝ се восхитуваат за оваа одлука, други не се за нејзината одлука да не ги кубе веѓите.
„Крубете ги, ве молам, ослободете се од нив“, „Одвратни се. Не ме интересира политичката коректност“, „Што е ова?“, се само дел од коментарите на мрежите.
Забава
(Видео) Има 59 години, а изгледа двојно помладо: Ова е тајната на неговите убиствени стомачни мускули
Чуандо Тан е поранешен модел и фотограф од Сингапур. Тој привлече големо внимание на јавноста со својот физички изглед, а сега ги откри и своите мали тајни.
Чуандо Тан е вистинска сензација на интернет, но и во реалниот живот. Иако има 59 години, овој господин никогаш не престанува да го привлекува вниманието на јавноста со својот физички изглед.
Многумина беа заинтересирани како го постигнува тоа, односно која е тајната на неговите убиствени стомачни мускули, па сега тој одговори.
За почеток – добра генетика, а потоа и конзистентност
Тан нагласи дека генетиката игра клучна улога, но не е единствената. Здравите навики, а потоа и конзистентноста, се исто така важни за одржување на завиден физички изглед. Ова значи правилна исхрана и умереност во сè.
„Она што го правите во текот на денот треба да биде во согласност со калориите што ги согорувате тој ден, толку е едноставно. А количината на храна што ја јадете во текот на денот е еднаква на калориите што ги внесувате во вашето тело“, рече тој.
Во интервју за „CNA Lifestyle“, тој ги откри деталите од својата дневна рутина. Тој го започнува денот со едноставен, но хранлив појадок – најчесто тоа е протеински шејк или овесна каша, а дополнително јаде јајца, мед и авокадо.
Ручекот и вечерата обично се пилешко или риба, зготвени на пареа или на скара. Супата и оризот се нутритивни додатоци на овие оброци.
Искрено за стареењето
Тан има реалистична слика за своето тело и е свесен за фактот дека старее.
„Го чувствувам притисокот. Длабоко во себе знам дека не сум толку млад. Стареам. Затоа не сакам да се преправам дека сум засекогаш млад. Можеби секој сака некаков краток пат, некоја тајна за да остане млад, но не постои магична формула“, рече тој, додавајќи дека дисциплината и рамнотежата се клучни во неговиот живот.

