Забава
Лили Колинс за кавгата меѓу Макрон и градоначалникот на Рим: Ова не го очекував
Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон изрази желба протагонистката на серијата на Нетфликс, Емили во Париз да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери му кажа дека во Рим и оди многу добро. А сега се огласи и актерката Лили Колинс, која ја игра Емили Купер во хит серијата на Нетфликс.
На Инстаграм објави напис од Vanity Fair за кавгата на Макрон и Гуалтиери и рече: „Ова не е написот што го очекував денес“.

„Почитуван Емануел Макрон, не грижете се, Емили е многу добро во Рим“, рекол Гуалтиери, а пренесува Политико. Тој додаде дека срцето не може да се контролира и дека на Емили треба да и се дозволи да избира сама. Гуалтиери одговори на коментарите на Макрон во интервју за списанието Variety во средата, во кое францускиот претседател рече дека „ќе се бори напорно“ да ја врати Емили во Париз.
Во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра Лили Колинс, се преселила од Париз во Рим поради работа. Макрон на шега рече дека има намера да се бори за главниот лик од хит серијата на Нетфликс, Емили во Париз да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.
Тој смета дека серијата му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, поради што Макрон, како што самиот рекол, е „многу горд“. . Во интервју за римското издание на Холивуд Репортер, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

