Забава
Лили Џејмс тврди дека секс-сцените во „Пем и Томи“ се важни за приказната

Лили Џејмс инсистира дека сцените со див секс во „Пем и Томи“ биле суштински за приказната.
32-годишната актерка ја портретира Памела Андерсон во серијата на „Дизни плус“, а Себастијан Стен (39) го глуми нејзиниот поранешен сопруг, тапанарот на Motley Crue, Томи Ли.
Таа ги бранеше моментите во драмата означени со икс.
Весникот „Сан“ ја цитира Лили: „Навистина чувствувавме дека секс-сцените треба да бидат дел од приказната и мораа да бидат од суштинско значење за сценариото, за напредокот на нивната врска и поглед на она што се случило“.
Џејмс нагласи дека било големи актерски предизвик да ја портретира секс-бомбата од Baywatch, Памела.
„Таа беше славна Плејбој-зајачица, голема ѕвезда и вистинска икона. Ова, дефинитивно, беше најголемиот актерски предизвик во мојот живот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фотографите ги забележаа „незгодните“ моменти: познатата убавица покажа премногу

Моделот Бела Хадид (28), помладата сестра на Џиџи Хадид, која неодамна го прослави својот 30-ти роденден со момчето Бредли Купер, се прошета низ Њујорк во едно од своите најпровокативни изданија, уште еднаш покажувајќи зошто многумина ја нарекуваат една од најубавите жени на светот.
За лежерна прошетка низ Њујорк, таа носеше искинати фармерки, тесен и целосно транспарентен кафеав топ, кафеави високи потпетици и кожна бомбер јакна.
Таа беше во исклучително добро расположение додека фотографите се обидуваа да го забележат „незгодниот“ момент.
Иако важи за една од најубавите жени, Бела Хадид често е критикувана за нејзината „премногу слаба фигура“, како што беше случајот неодамна во Париз, кога загрижените обожаватели коментираа дека е „како кожа и коски“.
Забава
(Фото) Половина Холивуд ја мрази, но сепак ги привлече сите погледи на црвениот тепих

Холивудската актерка Блејк Лајвли често е во центарот на вниманието за бројни други настани кои немаат никаква врска со модата, но овој пат нè потсети како изгледа кога сака да биде главен лик на црвениот тепих.
Блејк избра бел фустан со корсет, кој изгледаше како да има дупки по целата површина, но тоа беше само илузија.
Долниот дел од фустанот е направен од тил и има набори на колковите, создавајќи совршена женствена фигура. Блејк додаде впечатливи обетки, а долгата коса ја остави едноставно пуштена.
Покрај неа позираше и Рајан Рејнолдс, кој за оваа пригода избра сиво одело во комбинација со бела кошула.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс важат за еден од најомилените холивудски парови, и иако актерката неодамна беше во центарот на вниманието поради помали скандали, нивната популарност не опадна.
Забава
„Премногу е слаба“: Клои Кардашијан позираше во бикини, предизвика бројни реакции

Клои Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста откако сподели фотографии на својот Инстаграм профил на кои позира во бикини, покажувајќи го своето затегнато и витко тело. Додека многу следбеници ја обсипуваа со комплименти, дел од публиката сподели поинакво мислење, потсетувајќи се на нејзиниот претходен изглед.
Риалити ѕвездата, која има 40 години и повеќе од 300 милиони следбеници, позираше во костим за капење со црвен детаљ и мотив од цреша, заедно со нејзината ќерка Тру и синот Тејтум.
Иако имаше многу позитивни коментари, некои корисници изразија жалење поради промената во нејзиниот изглед, особено затоа што таа повеќе ги нема своите препознатливи облини. „Вратете ја пополната Клои“, „Ја сакав, навистина ја сакав пополната Клои. Таа ми беше омилена“, „Толку е тажно што ги изгуби тие секси облини“, „Клои, душо… те молам јади малку пченкарен леб или нешто слично“, „Премногу е слаба“, „Време е да јадеш нешто“, рекоа некои во коментарите под објавата.