Забава
Линда Евангелиста тврди дека е трајно деформирана од нуспојава на козметичка процедура

Една од легендарните супермодели од раните 90-ти, Линда Евангелиста, претходно откри дека дека е „брутално изобличена“ од несакан ефект поврзан со козметичка процедура направена пред пет години, а во средата на својот инстаграм-профили таа го објасни своето отсуство од јавниот живот.
Поранешниот супермодел (56) се врати чекор назад во очите на јавноста кога откри дека причината за нејзината повлеченост е зафат што ја обезличил.
Во објавата на социјалните мрежи модната икона од деведесеттите тврди дека била „трајно деформирана“ поради ретка несакана последица од постапка за намалување на маснотиите.
Според Линда, таа била подложена на CoolSculpting постапка за намалување на масните клетки, но наместо тоа постапката ги зголемила, нуспојава за која таа тврди дека не била предупредена, па сега ќе преземе правни мерки.
Таа развила парадоксална хиперплазија на мастното ткиво – редок, претходно непријавен негативен ефект на криолиполиза, пријавен во 0,0051% од 1,5 милиони процедури на CoolSculpting извршени ширум светот.
Препознатливото лице на Линда Евангелиста ги красеше насловните страници на голем број светски списанија. Таа до неодамна беше еден од ретките модели кои можат да се пофалат со 30-годишна кариера во рамките на модната индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Инспирирани од вистинска љубовна приказна, Антониа Гиговска и Роберт Билбилов ја создадоа „Аман“

Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа музичко ремек-дело.
Насловот на новата нумера е „Аман“, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: „Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН“.
Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа композиција.
Песната беше објавена вчера на сите музички платформи.
„Аман се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека “Аман” ќе допре до сите!“, вели Антониа.
„Аман“ е првата песна од вториот студиски албум на Антониа, „Жена“.
Инаку за новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена.
Забава
Никол Шерцингер не престанува да провоцира, и овојпат во бикини

Популарната пејачка Никол Шерцингер не престанува да провоцира со своите разни појавувања во бикини. Веќе некое време на нејзиниот профил нема објави освен оние од плажа, па овој пат беше слично.
Но, не стануваше збор за одмор, сега Никол снимаше реклама во која носеше бикини и го покажуваше своето затегнато тело.
Никол позираше во црно и во маслинесто бикини кои ги истакнуваа сите нејзини облини, а косата ѝ беше стилизирана во бранови и имаше лесна шминка.
Bikini-clad Nicole Scherzinger shows off her fit figure in glamorous photo shoot https://t.co/m988K7JHWv pic.twitter.com/M6YxsHxOnz
— Page Six (@PageSix) May 3, 2025
Не недостасуваа коментари за нејзиниот совршен изглед, а никој не е јасен што точно направила оваа жена за да изгледа вака на 46 години.
Никол неодамна беше прогласена за една од највлијателните личности на годината.
Никол напорно тренира за да изгледа совршено, а исто така обрнува многу внимание и на исхраната.
„Јадете квалитетна храна, вежбајте и слушајте музика што ќе ви го подобри расположението. Најдете време за молитва и медитација и одвојте време за себе – подгответе купка, одете на масажа“, рече таа еднаш.
Забава
(Видео) Метју Меконахи и неговата сопруга без панталони и без срам

Познатиот актер Метју Меконахи овој пат е во центарот на вниманието со сопругата Камила Алвес.
Тие го лансираа својот бренд пред две години, а сега ја снимија рекламата.
„Pantalones Organic Tequila“ е името на брендот, а во еден момент од рекламата, двојката остана без панталоните. Милиони следбеници беа воодушевени, но и изненадени, а едно од прашањата што се поставуваат е дали нивната текила навистина делува на тој начин.
Иако во рекламата имаше „заматен“ дел од нивните тела кога наводно беа без панталони, со оглед на тоа што актерот објави и за настаните за време на снимањето, јасно беше видливо дека двајцата носеа шорцеви во боја на кожа.