Забава
Лори Мареј тајната ќерка на Клинт Иствуд
Дека нејзин татко е актерската легенда Клинт Иствуд, сега 64-годишната Лори Мареј дознала пред 30 години, кога тргнала во потрага по своите биолошки родители. Нејзината мајка ја дала на посвојување уште додека била бебе, а познатиот актер дури и не знаел дека постои.
Исто како да станува збор за сценарио за филмски хит, Лори Мареј успеа да стапи во контакт со познатиот 88-годишен добитник на Оскар, а сè потоа се одвиваше идеално – таткото и ќерката многу се зближија, заедно уживаат играјќи голф и често одат на семејни одмори.
Лори Мареј се појави со своите седум помлади браќа и сестри на премиерата на новиот филм на Клинт Иствуд, The Mule, во Лос Анџелес, а на насобранте фотографи, кога ја прашаа како да ја потпишат под фотографиите, им се претстави како Лори Иствуд.
Иако се појавија шпекулации дека Лори сака, всушност, да ги искористи парите и славата на својот познат татко, тоа веднаш беше демантирано на најдобар можен начин – со фактот дека неговата најстара ќерка апсолутно ништо не сака да зборува за Клинт Иствуд и семејните врски. Таа го чува својот приватен живот од јавноста, па дури и жителите на градот Лејквуд, каде што живее со своето семејство, ја кријат оваа информација од медиумите.
„Сè што можам да кажам е дека тој е прекрасен татко на мојата мајка, но исто така и за мене и за нашето семејство“, коментираше Ловел Томас IV, внук на Иствуд.
Самата Лори е многу богата денес, но не поради нејзиниот татко, туку поради нејзиниот сопруг Ловел Томас III Мареј.
Освен големиот имот во Лејквуд, тие поседуваат терен за голф во Калифорнија, но исто така и куќа на хавајскиот остров Мауи, каде што Клинт Иствуд и неговата поранешна сопруга Дина честопати се одмораа со семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

