Забава
„Луцифер“ обновен за петтата и последна сезона на „Нетфликс“

Хит-серијата „Луцифер“ е обновена за петта и завршна сезона на „Нетфликс“. Таа претходно се емитуваше на Фокс три сезони пред „Нетфликс“ да ја оживее четвртата, што дебитираше на услугата стриминг на почетокот на мај годинава.
Иако не е потврден датумот на премиерата на Сезона 5 на „Нетфликс“, неофицијално тоа најверојатно ќе се случи во мај 2020, истиот период од годината како и Сезона 4.
„Воодушевени сме што љубителите на ‘Луцифер’ ширум светот ја прифатија оваа серија на ‘Нетфликс’, а ние се радуваме што ќе им ја дадеме големата завршница на сите кои ја очекуваат“, рече портпаролот на „Нетфликс“.
„Луцифер“ се фокусира на Том Елис – паднат ангел и Господар на пеколот – кој работи со полицијата во Лос Анџелес и помага при фаќање на криминалците на Земјата. Во серијалот играат и Лорен Герман, Кевин Алехандро, Д.Б. Вудсајд, Лесли-Ен Брант, Скарлет Естевез и Рејчел Харис.
„Ние сме им неизмерно благодарни на ‘Нетфликс’ што го оживеа нашиот серијал минатата сезона и сега ни дозволија да ја завршиме приказната на Луцифер по наши услови “, изјавија фронтмените на серијата, Хендерсон и Модрович.
„Што е најважно, сакаме да им се заблагодариме на фановите за нивната неверојатна страст и поддршка. Најдоброто допрва доаѓа !“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Земјотрес во светот на модата: „Прада“ го купува „Версаче“

Италијанската модна куќа Прада денеска објави дека постигнала дефинитивен договор со американската групација Капри Холдингс за стекнување на 100 отсто од познатиот бренд Версаче за 1,25 милијарди евра.
Спојувањето на двата светски познати брендови ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, која на крајот ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како LVMH и Kering.
„Среќни сме да му посакаме добредојде на Версаче во Групацијата Прада и да изградиме ново поглавје за бренд со кој споделуваме силна посветеност на креативноста, изработката и наследството“, рече претседателот и извршен директор Патрисио Бертели.
Договорот го намалува трендот во последниве години, бидејќи големите имиња на италијанската мода како Гучи, Фенди и Ботега Венета преминаа во рацете на нивните француски конкуренти.
Капри холдингс, кој го купи Версаче во 2018 година за 1,83 милијарди евра, мораше да прифати значителен попуст во економски контекст на кризата на пазарот на луксуз и зголемувањето на американските царини.
Во тоа време, модната куќа беше 80 отсто во сопственост на семејството Версаче и 20 отсто на американскиот фонд Блек рок.
По долги недели преговори, Прада презеде акција, и покрај турбуленциите на пазарот предизвикани од лавината од зголемувањата на царините што ги најави претседателот Доналд Трамп.
Трансакцијата се очекува да биде завршена во втората половина на 2025 година.
Модната куќа Версаче, која беше основана во 1978 година од страна на креаторот Џани Версаче и неговиот брат Санто, стана многу позната по комбинациите на облека за џет-сетот.
Донатела Версаче, која ги презеде креациите на модната куќа во 1997 година по убиството на нејзиниот брат Џани, се пензионираше на 1 април.
Забава
Кејт Хадсон ги воодушеви обожавателите во бел костим за капење

Актерката Кејт Хадсон (45) ги воодушеви своите следбеници со нова фотографија во костим за капење. Актерката позира во едноделен бел костим за капење и беше фотографирана додека се сонча на лежалка.
На фотографијата до израз дојдоа нејзините гради, кои и самата ги коментира. „Пролет и гради, две работи што ги поддржувам“, напиша таа во описот на објавата.
Хадсон повремено споделува фотографии во бикини на социјалните мрежи. Пред неколку недели таа позира топлес.
Забава
Најзгодната жена на светот повторно предизвика бурни реакции на интернет со серија фотографии во бикини

Познатата манекенка Рози Хантингтон-Вајтли редовно ја воодушевува јавноста. Повеќе не е новост колку луѓето се маѓепсани од нејзиниот изглед и убавина.
Направи големо враќање на модната писта по десет години, па Роузи продолжува да се појавува во многубројни кампањи.
Овој пат таа рекламира костими за капење за претстојното лето.
View this post on Instagram
Рози позира во минијатурни бикини, но она што привлече поголемо внимание, дефинитивно, е нејзиното тело.
Позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед се нижеа.
Таа веќе неколкупати го покажа своето негувано и обликувано тело, а не ѝ се непознати ни провокативните изданија.