Забава
Мадс Микелсен не сака целосно да се соживее со улогите
Методската техника на глума што ја применуваше Лејди Гага – „Куќата Гучи“, Џаред Лето – „Морбиус“ и Џереми Стронг – „Сексијанс“, неодамна привлече многу коментари на насловните страници, но оваа техника воопшто не му одговара на Мадс Микелсен.
Методски пристап е техника на глума кога актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот што го глуми и физички и ментално.
Данскиот актер (56) во интервју за GQ го промовираше својот нов филм „Фанатстични ѕверки: Тајните на Дамблдор, во кој го замени Џони Деп како злобниот волшебник Гелерт Гринделвалд.
Актерот призна дека не ја гледал „Куќата Гучи“ ниту „Наследство“ (Succession), но кога го прашаа за оживувањето на ваквиот метод на глума, тој имаше едноставен одговор: „Тоа се глупости.“
„Оваа метода требаше да се отфрли од самиот почеток! Како треба да се подготвите за сериски убиец? Дали ќе поминете две години за да го проверите тоа?“ вели Макс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Стинг ги откажа настапите поради здравствени проблеми: „Искрено ми е жал“
Музичарот Стинг одложи два свои концерти и го откажа претстојното појавување на наградите на списанието Bass поради нарушено здравје, пренесува Дејли Мејл.
73-годишниот пејач на доделувањето на наградите требаше да добие награда за животно дело, но на крајот нема да учествува.
Поранешниот фронтмен на Police, исто така, ги одложи своите американски шоуа во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои беа одложени до крајот на месецот, додека тој закрепнува. Не се наведува за каков здравствен проблем се работи.
Портпаролот на Стинг во објава на социјалните мрежи потврди дека обожавателите можат да ги задржат своите оригинални билети, кои ќе важат за новите датуми на концертот.
„По совет на неговиот лекар, поради болест, со длабоко жалење Стинг мора да го откаже своето појавување на наградите на магазинот „Бас“ овој четврток и да ги одложи концертите. Старите билети ќе бидат валидни за новите датуми. Стинг искрено се извинува за секоја непријатност и им благодарам на неговите фанови за разбирањето“, изјави портпаролот на пејачот.
Забава
(Видео) Фустанот на Иванка Трамп за инаугурација беше инспириран од стилот на холивудските диви од 1950-тите
Откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, тој и неговото семејство присуствуваа на бал заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша.
За специјалната пригода дамите избраа елегантни свечени фустани, а вниманието го привлече Иванка Трамп, ќерката на Трамп во бел фустан без прерамки.
@paullee3012 the Commander in Chief Inaugural Ball! Donald Trump Junior – Ivanka TRUMP – Eric TRUMP – Tiffany TRUMP Inauguration day 🇺🇸 #TRUMP #inauguration #ivankatrump ♬ original sound – WorldWideHistory🌎
Според Вог, фустанот на Иванка од Живанши бил инспириран од креација што ја носела Одри Хепберн во филмот „Сабрина“ од 1954 година, во кој таа глуми заедно со Хемфри Богарт. Сепак, Иванка стави свој печат на оваа комбинација со неколку детали кои се разликуваат од оригиналната верзија на Хепберн. Имено, наместо белите ракавици кои ги носеше Хепберн, Иванка избра црни, а со фустанот искомбинираше и накит.
Ова не е прв пат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на нејзината сестра Тифани, таа носеше син фустан кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1955 година.
Забава
Дали вашиот Инстаграм автоматски почна да го следи Трамп: објаснувањето е едноставно
По инаугурацијата на Доналд Трамп, многу корисници на социјалните мрежи останаа збунети околу една работа. Забележале дека ги следат профилите на Инстаграм на новиот претседател и потпретседател, иако, тврдат, никогаш не ги посетиле тие профили. Без разлика, велат, објавите на Доналд Трамп и Џеј Ди Венс се појавува во нивните feed-ови.
Некои корисници дури изјавија дека ги отпратиле овие сметки повеќе пати, но дека Инстаграм автоматски ги додава назад. Овој феномен поттикна бројни теории, но вистинското објаснување е многу помалку возбудливо. Мета рече дека правилата на социјалните мрежи се менуваат кога новиот претседател ќе пристигне во Белата куќа. Овие правила важат не само за претседателот, туку и за сметките на првата дама и потпретседателот.
Мета вели дека кога Белата куќа ќе ја смени власта, официјалните сметки на социјалните мрежи се префрлаат на новата администрација.
На пример, на 20 јануари, кога Трамп ја презеде функцијата, официјалните сметки на Инстаграм и Фејсбук на сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден беа архивирани. Инстаграм профилот на Бајден сега е под корисничкото име @potus46archive, додека официјалната сметка на Трамп сега е @potus. Следбениците на сметката на Бајден автоматски беа префрлени на сметката на Трамп, што е стандардна практика на социјалните мрежи. Тие додаваат дека архивираните сметки се задржуваат кај постојните следбеници, но дека содржината се брише.
Доколку корисниците на Инстаграм не сакаат да ги следат Трамп или Венс, процесот е ист како и за сите други сметки. Едноставно кликнете на трите точки на профилот и изберете ја опцијата „unfollow“ или „block“.
Иако автоматското следење може да изгледа наметливо, тоа е дел од стандардниот процес кој обезбедува континуитет на комуникација помеѓу Белата куќа и јавноста. За оние кои не го сакаат, опцијата за исклучување е секогаш при рака.