Забава
Мареј случајно објави фотографија на својот полов орган
„Дојдов тука само поради снимката на твојот пенис. Дали сум разочарана? Воопшто не сум“, напиша една следбеничка на инстаграм-профилот на тенисерот Енди Мареј (31). Кога на социјалните мрежи објави фотографија од болница, неговите фанови забележаа дека на објавената рендген-снимка има нешто друго – неговиот полов орган.

Фотографијата бргу се прошири на социјалните мрежи и стана хит.
„Секоја чест мајсторе, поголем ти е од мојот“, се пошегува еден од неговите обожаватели.

„Како што можете да видите на следните фотографии, сега имам метален колк. Се чувствувам уморен и исцрпен, но се надевам дека набргу ќе биде многу подобро, дека нема повеќе да ме боли“, напиша тенисерот во својот пост, а следбениците му посакаа брзо закрепнување.

На неодамнешната прес-конференција пред почетокот на Австралија опен, шкотскиот тенисер и поранешен светски првак со солзи во очите објави дека се пензионира и дека долго време се бори со тешка повреда на колкот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

