Забава
Марс влегува во Стрелец: што ни се подготвува во наредниот еден и пол месец?
Денеска, Марс влегува во Стрелец и таму ќе остане до 4 јануари следната година. Што ни носи овој транзит?
Марс, господар на енергијата, амбицијата, младоста, но и на агресијата, влегува во Стрелец. Бидејќи Јупитер е владејачката планета на овој знак, негативноста на Марс ќе се ублажи бидејќи Јупитер ќе ја контролира енергијата на другата планета. Ова ќе предизвика голем авантуризам кај поединци, а армијата, полицијата и медицинската гранка ќе напредуваат на нереално ниво. Новите резултати од истражувањето што ќе се постигнат во овој период ќе имаат корист за човештвото. Акцентот ќе биде ставен на зачувувањето на културното наследство и филозофското богатство.
Овен
Во наредниот период на Овните им се смее некое наследство. Доколку долго време сакате да патувате во странство, Марс ќе ве поттикне конечно да го направите тоа. Ќе уживате во учењето за разни култури. Сепак, внимавајте вашата смелост да не ве натера да преминете некои граници. Можеби сте особено арогантни и не сте подготвени да слушате туѓи мислења. Исто така, ова е добро време да се вратите во форма.
Бик
Ако сте слободни, набргу може да најдете љубов. Ако сте во пар, вашиот дух за авантура може да предизвика проблеми во врските. Внимавајте да не влезете во контроверзни ситуации и партнерот ќе ви се заблагодари за тоа. Проблеми ќе настанат и доколку сакате да се преселите во странство, а вашиот партнер не дели исти желби. Обидете се да го решите ова на најмирен можен начин.
Близнаци
Можно е да најдете љубов меѓу вашите пријатели, што исто така ќе ја заврши вашата потрага по сродна душа. Во овој период ќе се решат сите проблеми во бракот. На деловен план, ќе се здружите со вистинските луѓе и ќе го удвоите вашиот приход. Сепак, погрижете се добро да ги разјасните правилата за да избегнете подоцнежни конфликти. Оние што се во врска мора многу да внимаваат да не го задушат партнерот.
Рак
Ќе бидете многу успешни за време на овој транзит. Сè што правите на работа ќе ви се исплати, а интервјуата за работа ќе бидат успешни. Сепак, многу е важно да се биде педантен кога е во прашање работната етика. Можеби ќе почувствувате недостиг на ентузијазам кога станува збор за вашето хоби. Партнерот исто така ќе се чувствува запоставено, па можни се постојани конфликти. Иако ќе имате успех во кариерата, самодовербата ќе ви биде разнишана. Оние што се сами во овој период не треба да ги признаваат своите чувства кон симпатијата.
Лав
Ќе им посветите многу време на родителите и ќе се трудите да бидете тука за нив. Тоа ќе го направите така што ќе им помогнете во домашните работи. Од друга страна, ќе бидете многу посветени на вашите хоби, а можеби ќе имате и желба да патувате во странство. Оние што студираат, ќе може да се посветат на студиите и ќе бидат многу концентрирани. Оние што се обидуваат да имаат бебе, ќе успеат да зачнат.
Девица
Можеби ќе поминувате повеќе време опкружени со семејството. Ќе се посветите на односите со вашите најблиски. Во овој период може да добиете и наследство. Ако се заинтересирате за окултни теми, внимавајте да не паднете на лажни приказни. Ќе се чувствувате поенергично ако останете дома, но веројатно поради тоа ќе поминувате повеќе време на социјалните мрежи. Размислете за продажба на вашиот дом или имот.
Вага
Марс влегува во Стрелец и во наредниот период ќе бидете подготвени да стапите во брак. Оние што се веќе во брак, ќе уживаат во вашата врска. Можно е, предводени од ова добро расположение, да се одлучите да заминете на кратко патување. На деловен план можно е потпишување нови договори. Ако имате можност да инвестирате во имот, направете го тоа. Тоа ќе се покаже како многу профитабилно на долг рок. Ќе поминете многу време во комуникација на телефон.
Шкорпија
Овој транзит ќе ве зближи со вашето семејство. Иако ќе поминувате многу време заедно, можно е да настанат расправии поради разликите во мислењата. Прифатете здрава рутина за себе и охрабрете ги членовите на вашето семејство да ја следат. Во овој период ќе бидете многу чувствителни на забите, а можни се и проблеми со цревата. На деловен план ќе ги воодушевите луѓето со вашите комуникациски вештини. Лесно ќе го придобиете вниманието на вашите соговорници.
Стрелец
Во периодот што следува, кога Марс ќе влезе во вашиот знак, ќе бидете опседнати со партнерот. Можно е да отиде до крајност и да бидете многу љубоморни и посесивни, што не е нормално за вас. Покрај тоа, ќе бидете подготвени да потрошите голема сума пари за да ги остварите вашите соништа. Иако ќе бидете исцрпени, ова ќе биде поволен период за учење и полагање испити. Сепак, обидете се да најдете време да се опуштите.
Јарец
Овој транзит може да ви донесе среќа кога станува збор за продажба на недвижен имот. Меѓутоа, за да успеете во тоа, потребно е да бидете внимателни со располагањето со финансиите. Воздржете се од трошење на сите ваши заштеди. Ова ќе биде неповолен период за вашите односи со луѓето и можно е да изгубите важен пријател. Тоа ќе направи да се чувствувате осамено. Тие што сакаат да живеат во странство, конечно, ќе може да го сторат тоа.
Водолија
Ќе успеете да си добиете покачување. Ако сте невработени, ќе добиете работа која добро се плаќа, затоа не откажувајте се од активно барање работа. Размислете за работа во медиумите, што исто така има елементи на истражувачко известување. Ќе стекнувате нови пријатели на работното место, иако нема да бидете премногу комуникативни. Ќе им бидете голема поддршка на вашите најблиски роднини доколку се најдат во проблем.
Риби
Ќе блескате на работни места што ќе бараат од вас вештини за зборување. Доколку сте во процес на барање работа, ќе ја најдете работата за која отсекогаш сте сонувале. Семејството ќе ве поддржи во унапредувањето на кариерата, дури и ако таа работа е во странство. Ако се обидете да најдете иновативни решенија и да бидете расположени за експерименти, тоа ќе ги инспирира другите. Вашите претпоставени ќе ги ценат вашите напори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Која е убавицата во црвениот фустан што привлече внимание на доделувањето на БАФТА наградите?
Маура Хигинс беше ѕвездата на црвениот тепих на доделувањето на наградите БАФТА, а нејзиниот драматичен црвен фустан стана главна тема на разговор на социјалните мрежи.
Во тесен црвен сатенски фустан со долг црн дел што се влече, ријалити ѕвездата беше една од највпечатливите на престижната церемонија.
Која е Маура Хигинс?
Маура Хигинс е 35-годишна ријалити ѕвезда која се здоби со слава во 2019 година како финалист во популарното британско шоу „Love Island“.
Моментално може да се види во ријалити шоуто „The Traitors“. Таа се појави на настанот во Кралската фестивалска сала заедно со голем број познати актери.
За оваа пригода, таа избра фустан украсен со црни монистра, а комбинацијата ја заокружи со црни проѕирни ракавици. Фустанот беше доволен сам по себе, па не претеруваше со накит. Косата ја собра во елегантна пунџа, а шминката ѝ беше воздржана и поприродна.
Иако таа вечер не беше меѓу номинираните, Хигинс неодамна го имаше своето актерско деби во ирската комедија „The Spin“.
Според „Дејли меил“, иако има само неколку реплики во филмот, нејзиното пристигнување на црвениот тепих наводно ги импресионирало филмските инсајдери и „големите холивудски шефови“. Велат дека многумина прашале за нејзините планови во филмската индустрија.
Забава
Петнаесет минути во Лувр: Фотографија од апсењето на Ендру осамна покрај Мона Лиза
Петнаесет минути Мона Лиза и Милоската Венера имаа нов сосед, Ендру Маунтбатен-Виндзор. Активистите закачија фотографија од апсењето на поранешниот британски принц во музејот Лувр во Париз за да покажат „како светот ќе го памети“, пишува „Евроњуз“.
Британската антимилијардерска група „Сите го мразат Елон“ објави фотографија вчера на ѕидот на познат француски музеј, со натпис „Сега се поти“. Тоа е референца на катастрофалното интервју за „Њузнајт“ од 2019 година со Емили Мејтлис, во кое поранешниот принц тврдеше дека не може да се поти и затоа ја обвини жртвата Вирџинија Џуфре дека лаже кога вели оти го видела испотен во ноќен клуб.
Џуфре, која изврши самоубиство минатата година, го обвини Маунтбатен-Виндзор дека имал сексуални односи со неа кога таа била малолетничка, со која тргувал педофилскиот финансиер Џефри Епштајн.
View this post on Instagram
Фотографијата го прикажува Маунтбатен-Виндзор на задното седиште на „рејнџ ровер“ откако ја напуштил полициската станица во Норфолк. Тој помина 11 часа во притвор таму откако беше уапсен во четвртокот под сомнение за злоупотреба на службената должност. Тоа беше прво апсење на висок член на британското кралско семејство од апсењето на кралот Чарлс I во 1647 година.
Групата „Сите го мразат Елон“ сподели видео на Инстаграм од своите членови кои ја прикачија фотографијата, со опис: „Велат ‘закачете го во Лувр’. Така и направивме“.
„Мислевме дека ќе му покажеме на поранешниот принц Ендру како светот ќе го памети со објавување на оваа иконска фотографија од неговото апсење во Лувр“, изјави групата за Ројтерс. „Да се надеваме дека ова е само почеток. Правда за сите жртви на Епстин“.
Персоналот на Лувр ја отстрани фотографијата 15 минути подоцна.
Маунтбатен-Виндзор беше уапсен откако американската влада објави милиони документи поврзани со Епстин. Меѓу нив беа копии од е-пошта што наводно покажуваа дека Маунтбатен-Виндзор споделувал класифицирани информации со Епстин додека работел како британски трговски претставник. Маунтбатен-Виндзор продолжува да негира какво било кривично дело.
Поранешниот војвода од Јорк останува осми во редот за наследување на тронот, а минатата недела беше објавено дека владата на Сер Кир Стармер разгледува закон за отстранување на Ендру од редот на наследници, со што ќе се спречи тој некогаш да стане крал.
Забава
(Фото) Бритни Спирс позираше гола: Го покри задникот со роза и го „запали“ интернетот
Пејачката Бритни Спирс (43) со години го покажува својот живот на социјалните мрежи, без никакви резерви. Честопати шокираше со голи фотографии и бизарни облеки, а ниту сега не сакаше да отстапи од своите „правила“.
Секси видеата од нејзиното танцување редовно стануваат вирални, а многумина се сеќаваат на златниот период на Бритни Спирс кој никогаш нема да се врати.
За тоа време, за да спречи носталгија, Бритни позираше целосно гола и го објави тоа на својот Инстаграм профил. Ги покри градите со рацете, додека остави емотикон од роза на задникот и продолжи да шокира.
Некои ја осудуваат и веруваат дека ѝ е потребна помош, додека други уживаат во сè што сервира некогаш нивната омилена ѕвезда.
Интересно е што Бритни ги ограничи коментарите под оваа објава, веројатно за да избегне негативни реакции.
Во своите мемоари од 2023 година, „The Woman in Me“, Бритни објасни зошто објавувањето провокативни селфиња ѝ носи толку многу радост.
„Знам дека многу луѓе не разбираат зошто сакам да бидам фотографирана гола или во нови фустани. Но, мислам дека ако биле фотографирани илјадници пати од други луѓе, местени и позирале за да добијат одобрување од други луѓе, би разбрале дека ми носи големо задоволство да позирам на начин на кој се чувствувам секси и самата да ги правам фотографиите“, напиша Бритни во тоа време.

