Забава
Маските не може да ги спречат Џенифер Лопез и Бен Афлек да си разменат нежности

Им беа потребни 17 долги години за да ја обноват својата романса и сега кога Џенифер Лопез и Бен Афлек, конечно, го направија тоа, изгледа дека напорно работат за да го надоместат изгубеното време.
Вљубениот пар не се разделува. Минатата недела тие се појавија на филмскиот фестивал во Венеција, а во понеделникот заедно позираа на модниот настан „Мет гала“ во њујоршкиот музеј „Метрополитен“.
Ако некој се сомневаше во нивните искрени љубовни намери, Бенифер целосно ги разубеди со своите необични и спонтани потези.
Имено, медиумите го објавија инстинктивниот потег на Бен со кој ја заштити својата сакана од луд обожавател на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција по враќањето од филмскиот фестивал. Обожавателот премногу ѝ се доближил на Џенифер обидувајќи се да ја допре и да направи селфи со неа, но Бен реагирал бргу и го спречил.
Инстинктивниот потег да ја заштити својата сакана многу корисници на социјалните мрежи го опишаа како романтичен и чист доказ дека Бен навистина ја сака својата девојка.
Сепак, последниот потег на Бенифер кога се појавија заедно на „Мет гала“ збуни многумина. Бен и Џенифер излегоа одделно на црвениот тепих, а потоа, по средбата пред камера во затворен простор, одлучија да си разменат нежности – со заштитни маски на лицата. Тие се гушнаа, а потоа се бакнаа преку маските, што одговараа на нивната облека.
Многумина го прогласија овој чин пред камерата за најимпресивен момент на модниот настан. „Сликата вреди илјада зборови“, пишува во веб-изданието на „Вог“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Сопружници изнајмиле куќа преку „Ербиенби“ и откриле тајни простории

Брачна двојка од Колорадо стана вирална откако во изнајмена куќа во Кенон Сити открила скриени простории.
Во видеото, кое собра над 4,8 милиони прегледи, Конор и Џес најпрво забележале дека куќата има прозорци на третиот кат, но без внатрешни скали. По подетално истражување, откриле таен премин во бањата кој води до поткровје, а потоа и скриен отвор во кујната што води кон подрумот. Одлучиле да го истражат и тој дел од куќата, а таму затекнале неколку простории и заклучена врата со натпис „не отворај“.
@connormoynihan4 We just found a secret door in our airbnb. Should we go down? #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyairbnb #hiddenpassage ♬ moments – Teesa
@connormoynihan4 Hidden door in air bnb part 2. You wont believe who we found. #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyhouse #hiddenpassage ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
@connormoynihan4 Replying to @Cristina Sopranzi Here is the full basement tour. #creepydoor #hiddendoor #hiddenroom #airbnbfinds #secrettunnel #secretdoor ♬ original sound – Jess & Connor
@connormoynihan4 Replying to @SAFI🫡 there’s another hidden door and a mysterious third floor we couldn’t access. #hiddendoor #secretdoor #spookyairbnb #secrettunnel #barbarian ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
Иако просториите изгледале мистериозно, сопружниците велат дека не нашле ништо опасно.
Од „Ербиенби“ (Airbnb) изјавија дека домаќините смеат да означат простории „надвор од границите“ за гостите, а во овој случај не е пријавен формален проблем.
Забава
Лажната вест дека Џ. К. Роулинг боледува од рак предизвика бран омраза на мрежите

Интернетот беше преплавен со лажнат информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Веста започна со ироничен твит на платформата „Икс“ кој брзо стана вирален и предизвика коментари полни омраза и исмевање.
Портпаролот на Роулинг веднаш реагираше и за медиумите потврди дека станува збор за целосна измислица: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема рак.“
И покрај демантот, штетата веќе беше направена – социјалните мрежи беа преплавени со објави што наводно ја „славеа“ нејзината смрт. Нивото на омраза се поврзува со долгогодишните контроверзии околу нејзините ставови за трансродните лица, поради кои таа често е мета на жестоки критики.
Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.