Забава
Мај им носи крај на нивната долгогодишна врска: oвие знаци би можеле да кажат – доста е
Мај е месецот кога природата се буди, сè цвета и многумина сметаат дека е време за нови почетоци. Сепак, додека некои садат цвеќе и планираат романтични пикници, одредени хороскопски знаци може да одлучат нешто поинаку.
Со сите тие пролетни бури, срцата не се секогаш безбедни. За некои, овој мај ќе донесе одлука што ја одложувале долго време: завршување на врска која повеќе не им го носи она што некогаш го барале.
Близнаци
Близнаците сакаат возбуда, новина и чувство дека светот нуди бесконечни можности. Ако нивната врска стане рутинска или чувствуваат дека ја задушуваат својата природна љубопитност, можеби ќе одлучат да преземат драматичен чекор.
Мај, со сите свои нови мириси и можности, можеби ќе ги потсети дека животот е премногу краток за да се живее половично. А Близнаците сакаат сè или ништо.
Стрелец
Стрелците се познати по нивната потреба за слобода. Тие сакаат да сакаат, но исто така сакаат да дишат. Ако почнале да се чувствуваат ограничени во долгорочна врска, овој мај можеби ќе одлучат дека е време да ги спакуваат своите емотивни торби.
Стрелците не раскинуваат затоа што не сакаат, туку затоа што знаат дека љубовта не треба да биде затвор. И кога ќе одлучат да заминат, го прават тоа брзо, без премногу драма, но со јасно чувство дека го направиле она што морале да го направат.
Водолија
Водолиите се иноватори во срцето. Нивната потреба за автентичност може да ги принуди да ги преиспитаат сите врски што повеќе не се во согласност со нивниот раст. Овој мај, под влијание на планетите кои инсистираат на промени, тие можеби ќе одлучат дека повеќе не сакаат да се преправаат.
Ако почувствуваат дека врската стагнира или го задушува нивниот развој, Водолиите ќе се збогуваат со ладна глава и топло срце и ќе отпловат кон нови хоризонти.
Шкорпија
Шкорпијата може да изгледа како некој што ја држи врската по секоја цена, но кога ќе се почувствува предадена, запоставена или едноставно повеќе не ја чувствува истата длабочина на страст, раскинувањето може да дојде брзо и неповратно.
Овој мај, Шкорпиите би можеле да донесат одлука да ги прекинат врските што повеќе не им ги хранат душите. И кога ќе одлучат да ја завршат приказната, тоа е конечно, како да свртат страница и да ја изгорат старата книга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис: Работам на четири места за да го издржувам своето дете
Румер Вилис, ќерка на холивудските актери Брус Вилис и Деми Мур, одлучи да одговори на коментарите на социјалните мрежи, појаснувајќи дека самата ја издржува својата ќерка Луета без никаква финансиска помош од своите славни родители.
Откако во понеделникот на својот Инстаграм објави видео за мајчинските обврски, како подготовка на оброци и вежбање, Румер Вилс се соочи со несакани коментари. Подоцна се огласи преку Инстаграм, посочувајќи на авторите на коментарите поради, како што рече, неинформираност и безобразлук.
Самохраната мајка, која ќерката ја има со поранешниот партнер Дерек Ричард Томас, откри дека работи повеќе работи за да се издржува и нагласи дека не добива финансиска помош од родителите.
„Работам четири различни работи за да ја издржувам својата ќерка. Јас сум нејзиниот единствен старател. Не живеам од семеен фонд ниту добивам пари од родителите. Поголемиот дел од времето немам никаква помош околу неа“, порача таа. „Затоа, што велите да застанете малку пред да почнете да осудувате и да носите претпоставки.“
Бидејќи коментарите продолжиле, Вилис се осврна и на конкретна забелешка од корисник дека, во случај на нужда, секогаш може да се потпре на „грбот“ што ѝ го обезбедува семејството. Во нова објава на Инстаграм дополнително го појасни својот став за претпоставките што луѓето ги имаат за неа како мајка и како личност.
„Многу сум свесна дека во животот имам привилегии што многумина ги немаат и не го земам тоа здраво за готово“, рече таа. „Знам дека постојат реалности што никогаш нема целосно да ги искусам и тоа го почитувам. Но оваа објава не се однесуваше на привилегии или споредување на животни околности, а изгледа дека луѓето претпоставуваат дека сум го занемарила тоа, иако тоа не беше темата за која сакав да зборувам.“
Дополнително објасни дека своето славно семејство никогаш не го сметала за резервен план и дека е горда што може сама да ја издржува својата ќерка. Изјавата ја заврши со зборовите дека секој „се соочува со различни животни околности“ и лични борби.
Како и нејзините родители, и Румер Вилис е актерка. Се појави во филмовите, „Sorority Row“ и Once Upon a Time in Hollywood, глумеше во серијата Empire, а дебитираше и на Бродвеј.
Забава
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања.
Јарец
Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и учење на вредноста на трудот и упорноста.
Девица
Перфекционистите на зодијакот поставуваат високи стандарди. Домот им е организиран, а од децата се очекува дисциплина, добри навики и посветеност. Критиките не им се злонамерни – целта е детето да го достигне својот целосен потенцијал.
Лав
Лавовите имаат големи очекувања од своите деца и ги поттикнуваат да блескаат. Иако се топли и дарежливи, бараат почит и одговорност. Веруваат во исклучителноста на своите деца и ги туркаат напред за да успеат.
Овен
Како родени лидери, Овните ги воспитуваат децата да бидат храбри, самостојни и борбени. Не толерираат откажување и ги учат директно да се соочуваат со предизвиците.
Шкорпија
Интензивни и заштитнички настроени, Шкорпиите бараат искреност и емоционална сила. Веруваат дека карактерот се гради преку соочување со тешкотии, па воспитуваат психолошки издржливи личности.
Забава
Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.
По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
„На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време“, велат организаторите.
Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.

