Забава
Меган Маркл и принцот Хари добија награда од НААЦП

Меган Маркл и принцот Хари штотуку се придружија на еден екслузивен клуб, објави „Пипл“.
Војводата и војвотката од Сасекс се појавија на сцената на церемонијата „НААЦП имиџ авордс“ во саботата за да ја примат престижната награда како признание за посебни достигнувања и истакнати услуги во јавоста.
Наградите ги доделува Националната асоцијација за унапредување на правата на Афроамериканците (NAACP). Меѓу претходните добитници на оваа чест се Мухамед Али, Џеси Џексон, Колин Пауел, Кондолиза Рајс, Леброн Џејмс и Ријана.
Преку нивната Фондација „Арчивел“, што ја основаа во 2020 година, Хари и Меган ги поддржаа напорите за справување со пандемијата и го фокусираа своето внимание на движењето Black Lives Matter („Животите на Афроамериканците се важни“) и на борбата за расна правда.
Во текот на говорот на сцената, Хари ѝ се заблагодари на афроамериканската заедница за срдечниот пречек, а Меган, која ја донесе и мајка си Дорија Рагланд на доделувањето на наградите, рече дека не може да биде погорда.
„Ние сме толку длабоко понизни што сме овде во друштво на толку многу славни наградени“, рече Меган.
Хари додаде: „Најпрво, би сакале да му оддадеме признание на народот на Украина, на кој итно му е потребна нашата континуирана поддршка како глобална заедница. Исто така, ја повторувам огромната благодарност за оваа вечер, како и за оваа награда и за оваа заедница што ме пречека толку срдечно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вилијам и Кејт ја слават 14-годишнината од бракот во Шкотска

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска патуваат во Шкотска, каде што ќе ја прослават 14-годишнината од бракот и ќе го направат најзначајното заедно патување оваа година.
Престолонаследникот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија на церемонија што ја следеа милиони луѓе од целиот свет.
Тие се запознале десет години порано кога и двајцата биле студенти на Универзитетот „Сент Ендрјус“ на источниот брег на Шкотска.
Принцот и принцезата од Велс се враќаат во Шкотска како дел од официјалната дводневна посета на островите Мул и Јона, кои се дел од архипелагот Хебрид во близина на западниот брег.
Тие ќе ги посетат пазарот, производителите на храна и центрите на заедницата на островите со цел да се запознаат со важноста од зачувување на природната средина, соопшти нивниот кабинет.
По службените обврски, годишнината ќе ја поминат во мала изолирана куќа на островот Мал, позната по драматичните и прекрасни пејзажи, објавија британските медиуми.
Патувањето е ретко заедничко појавување на парот откога Кејт почна со превентивна хемотерапија за ракот, кој сега е во ремисија.
„Шкотска ми е неверојатно важна и секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави Вилијам, кој ја носи титулата господар на шкотските острови.
Забава
На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ-заедницата e забрането

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) усвои нови правила во пресрет на годинешниот Избор за песна за Евровизија. Според изменетите прописи, публиката годинава ќе смее да вее палестински знамиња, што минатата година предизвика политички полемики.
Но, тоа не е сè – тие ги забранија и сите ЛГБТК+ знамиња, што налути многу активисти. Затоа на изведувачите оваа година ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на земјите што ги претставуваат на сцената.
Забраната за носење знамиња за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан-зоната, во зелената соба и на официјалните површини, каде што натпреварувачите ги чекаат резултатите. Групите за права на ЛГБТК+ веќе ја критикуваа одлуката тврдејќи дека знамето на виножитото претставува личен идентитет наместо политичка изјава.
Швајцарскот победник Немо минатата година носеше небинарно жолто-бело-виолетово знаме за време на парадата на знамето. На еден од панелите по победата рече дека морале да го прошверцуваат оти организаторите им го забраниле споменатото знаме. Неколку фанови се обидоа со тоа во публиката, но обезбедувањето ги натера да ги фрлат знамињата пред да влезат во салата.
Оваа година на Евровизија ќе учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), Џеј Џеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак.
Забава
(Видео) Трамп повторно ја уништи Тејлор Свифт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го пречека рагби-тимот на Филаделфија Иглс во Белата куќа за да ја прослави нивната победа над Канзас Сити Чифс во Супербоул.
Тој исто така го искористи настанот уште еднаш да се потсмева на најистакнатиот навивач на Чифс, пејачката Тејлор Свифт, објави Ен-би-си.
Trump recounts being at the Super Bowl: “I was there, I watched in person. I was there along with Taylor Swift. How did that one work out?” pic.twitter.com/lUxMRocXjT
— Breaking News of the Day (@Breakingne66541) April 29, 2025
„Бев таму. Го гледав лично натпреварот. Бев таму со Тејлор Свифт. Како се случи тоа?“, рече Трамп предизвикувајќи смеа кај толпата навивачи на Филаделфија.
Свифт, која е во врска со играчот на Чифс, Тревис Келс, ја поддржа кандидатката на демократите Камала Харис на минатогодишните претседателски избори.