Забава
Меган Маркл и принцот Хари предупредени за две сценарија доколку војвотката продолжи да го засенува војводата

Војводата и војвотката од Сасекс се најдоа на насловните страници за време на нивната посета на Нигерија, а тоа предизвика шпекулации бидејќи некои набљудувачи забележаа дека Хари изгледа загрижен додека Меган навидум е во центарот на вниманието. Ова беше првото официјално меѓународно излегување на двојката по нивното драматично напуштање на кралските должности пред четири години.
Кралскиот коментатор Данкан Ларкомб, како што обајвуваат британските медиуми, за оваа посета вели: „На 39 години Хари изгледа како да му е удобно на игра втора виолина на неговата доминантна, 42-годишна сопруга. Меган е многу силен карактер, многу енергична и крајно амбициозна, а тоа се карактеристики што значат дека таа речиси секогаш ќе го засенува Хари и ќе го привлекува вниманието на себе. Хари е целосно во нејзина сенка, но тој никогаш не се чувствуваше пријатно кога беше во центарот на вниманието, никогаш вистински не уживаше во тоа“.
Следејќи ја динамиката на парот, д-р Сона Капур, клинички психолог, вели дека од ваквото однесување, кога едната личност ја засенува другата во врската, се можни две сценарија како исход.
„Ако Хари е задоволен што Меган го надминува, тоа значи силна самоувереност и заемна поддршка. Ако не се менаџира добро, тоа може да додаде притисок, кој има потенцијал да предизвика чувство на несоодветност или огорченост. За успех, потребни се отворена комуникација, меѓусебна поддршка и обезбедување сигурност дека двајцата партнери имаат можност да ги следат своите интереси и да блеснат“, објаснува Капур за британските медиуми.
Коментаторот Ларкомб посетата на Нигерија ја нарече „шоуто на Маган“, во кое Хари бил тргнат настрана, а Меган ја оцени како магнет за внимание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор.
Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт понесе сендвичи со мед од нејзината кошница во Анмер Хол, а Меланија донесе теглички мед од Белата куќа.
Првата дама претходно беше во обиколка на Куќичката за кукли на кралицата Мери и Кралската библиотека, пред да отпатува кон Чекерс, каде ќе се сретне со Доналд Трамп и премиерот Кир Стармер.
Настанот следуваше по државниот банкет во чест на Трампови, кој вчера беше организиран во замокот Виндзор.
Забава
Татко од забава зел детектор за метал, неколку часа подоцна пронашол вистинско богатство

Британец стана локална сензација, откако вторпат во животот зел во раце детектор за метал и пронашол артефакт со непроценлива историска вредност.
Неговата приказна беше објавена на „Редит“, каде што привлече големо внимание, пренесува „Мирор“.
Човекот купил детектор затоа што сакал ново хоби. Прво успеал да пронајде монета од 1904 година, не насетувајќи што уште го очекува.
Додека пребарувал една парцела, слушнал предупредувачки сигнал од уредот и сфатил дека нашол нешто. Наскоро пред него се појавил голем саксонски прстен изработен од злато! На само 50 метри подалеку пронашол и златен украс во форма на глава од гавран.
Британецот веднаш го пријавил откритието, а надлежните го затвориле целиот локалитет. Понатамошните ископувања ги презеле археолозите.
Авторот на објавата на „Редит“ рекол дека вредноста на пронајдениот артефакт ќе се подели помеѓу пронаоѓачот, сопственикот на земјиштето и државата.
„Оваков настан се случува еднаш во животот“, напишал тој.
Приказната предизвика бројни реакции, а еден корисник коментирал: „Тој е првиот човек кој по толку векови ги допрел овие предмети“.
Друг додал: „Археолозите цел живот трагаат, а никогаш не наоѓаат нешто толку драгоцено“.
Стручњаците истакнуваат дека ваквите артефакти значително придонесуваат за разбирањето на минатото. Но, најголемата вредност е нивниот придонес кон историското и културното наследство.
Забава
Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на франкофонијата

Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо.
Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено.
Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, велат од општина Центар.