Забава
Меган Маркл: Отсекогаш сакав да имам деца, но мајчинството не одеше по план

Меган Маркл неодамна го лансира својот втор поткаст Confessions of a Female Founder. Во новата епизода таа зборуваше за мајчинството за кое вели дека не секогаш одело според планот.
„Отсекогаш сакав да бидам мајка. Имав цела визија. Потоа забрзуваш напред и сфаќаш… не испадна онака како што замислував“, рекла таа додавајќи дека за време на двете бремености се справувала со работи врз кои немала контрола.
Меган има две деца со принцот Хари. Синот Арчи е роден 2019 година додека таа и Хари сè уште ги извршуваа своите службени должности.
Две години подоцна тие се повлекоа од кралското семејство и се преселија во Монтесито, Калифорнија, каде што Меган ја роди нивната ќерка Лилибет во јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте го овој зелен пијалок

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, нижи успеси на теренот, па по финалето на Ролан Гарос одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво и прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен кој претходно живеел во Бразил.
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримство и одлична клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
Во серија фотографии од нејзиниот одмор, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува такви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.