Забава
Меланија Трамп доби бизарна скулптура во родната Словенија

Меланија Трамп, првата дама на САД, доби статуа во Севница, нејзиното родно место во Словенија.
Американскиот уметник Бред Дауни, заедно со локалниот занаетчија Алеш Жупевец се авторите на оваа дрвена статуа.
Госпоѓа Трамп е претставена облечена во сино палто, а нејзината лева рака е крената како да поздравува некого.
View this post on Instagram
Некои локални жители ја нарекоа статуата срамна, други шеговито ја нарекле штрумфета, а трети сметаат дека таа воопшто не потсетува на Меланија.
Дауни за агенцијата „Ројтерс“ изјавил дека сакал да отвори дијалог за политичката ситуација во Америка.
Негови други дела се изложени во Љубљана до крајот на август, а во брошурата со која се најавува изложбата било наведено дека статуата е само урнебесна шега.
Дауни инаку е познат по дела со називи како Тестис на мудроста и Кактус рака.
Севница стана магнет за туристи од 2016 година, кога Доналд Трамп беше избран за претседател, а Меланија стана првата дама на САД.
За некои, новата скулптура претставува преголем култ кон нејзината личност, но има и такви кои мислат дека Меланија го заслужива тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Модна магија: ќерката на Мајкл Џексон маѓепса со фустан

Ќерката на познатиот музичар Мајкл Џексон, Парис, прошета по црвениот тепих на фестивалот Трибека со својот вереник Џастин Лонг.
Двојката привлече големо внимание главно поради нивните координирани модни изданија, иако таа често е предмет на внимание поради нејзиниот смел избор на облека.
За оваа пригода, Парис избра фустан со цветни мотиви кој совршено го истакнуваше нејзиниот уметнички дух, додека Џастин позираше во класично црно одело и беше сосема лежерен.
Нема многу детали за нивната врска, а не се знае ни точно кога тој ѝ предложил брак, но сите го забележале прстенот на нејзиниот прст претходно оваа година. Се претпоставува дека почнале да се забавуваат во 2022 година.
Забава
(Фото) Северина по одморот на Ибица отиде во Италија

Хрватската пејачка Северина отиде во Италија по патувањето на Ибица.
Таа ги посети Портофино, Сиена и Џенова, каде што ја посети куќата каде што живеел Кристофер Колумбо.
„Слатко е да не се прави ништо“, напиша 53-годишната пејачка.
Во објава на Инстаграм, таа откри дека нејзината внука Миа Поповиќ, со која била во Шпанија, патува со неа.
Забава
Жени, внимавајте: популарната фризура може да предизвика опаѓање на косата

Бројни секојдневни навики би можеле да имаат прилично негативно влијание врз вашата кожа и коса, а една специфична фризура може дури и да доведе до опаѓање на косата.
Експертот за нега на кожа и коса, д-р Сухаил Алам, за „Експрес“ изјави дека фризурите што премногу цврсто ја влечат косата можат да предизвикаат здравствен проблем.
„Фризурите што премногу цврсто ја влечат косата, како што се залижаните коњски опашки, можат да предизвикаат тракциона алопеција, форма на опаѓање на косата предизвикана од хроничен стрес врз фоликулите што се јавува како резултат на прекумерно влечење или затегнување на косата.“
„Истражувањето објавено во списанието на Американската академија за дерматологија покажа дека до една од три жени кои редовно носат вакви фризури доживуваат одреден степен на опаѓање на косата“, објасни д-р Сухаил.
Докторот, кој се занимава со трансплантација на коса со години, исто така истакна дека не треба да си легнувате со влажна коса. „Тогаш косата е послаба и посклона кон кршење. Вртењето на главата на перницата предизвикува триење и заплеткување на косата. Оставете ја косата да се исуши природно или нежно исушете ја со фен пред спиење.“
Исто така, памучните навлаки за перници можат да предизвикаат проблеми и за косата и за кожата. Д-р Сухаил предложи да се префрлите на свила и сатен, бидејќи тоа може да помогне во намалувањето на испуканите врвови и идните брчки на лицето.
Прекумерното миење е уште еден проблем што може да ја оштети вашата кожа и коса. Експертот открил дека на повеќето луѓе им е доволно да ја мијат со шампон два или три пати неделно и да го мијат лицето двапати на ден.
Дополнително, топлата вода може да ја уништи заштитната бариера на кожата, што доведува до сувост и чувствителност. За да се спречи ова, експертот советува водата да се одржува млака и да се ограничи туширањето на помалку од десет минути за да се одржи кожата хидрирана.