Забава
Мел Си би сакала Викторија Бекам да се обедини со „Спајс грлс“ на сцената
Мелани Си од британскиот поп-бенд „Спајс грлс“ сè уште се надева на враќање на Викторија Бекам.
Мелани повторно се здружи со групата девојки во 2019 година на турнеја во Обединетото Кралство. Сепак, Викторија (Пош спајс) не им се придружи на своите поранешни колешки од бендот.

„Спајс грлс“ – Мел Си, Мел Би, Ема Бантон и Гери Хорнер се реформираа без модната дизајнерка за турнејата пред три години, а сега тие би сакале повторно да одат на турнеја како квинтет.
„Ние бевме толку прекрасно примени од страна на публиката, поминавме неверојатно“, рече Мелани во интервју за „Тајмс“.
„Тоа беше моментот кога сфативме какво влијание имавме врз една генерација луѓе. Сакаме да се вратиме на сцената, тоа е нешто за што продолжуваме да разговараме. Тоа е само навигација низ животот, работата, семејствата на сите“.
Запрашана дали уште едно обединување ќе ја вклучи Викторија, таа додаде: „Тоа би бил вистински сон. Вратата е секогаш отворена за Викторија, би сакале да ја видиме назад. Ги држиме прстите вкрстени“.

Пејачката откри дека би сакале да настапат на фестивалот „Гластонбери“, најголемиот музички фестивал во Велика Британија и еден од најзначајните во светот.
„Гластонбери“ е толку магичен и, без сомнение, тоа е врвниот британски фестивал. Еден ден настапот на ‘Спајс грлс’ таму ќе биде одлична работа. Би сакале да ја украсиме таа сцена“, рече Мелани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога помошта станува притисок: Грешки што родителите често не ги забележуваат
Спротивно на популарното верување, односите со возрасни деца најчесто не се оштетени од грубост или занемарување. Многу почеста причина е прекумерната вклученост – постојаната потреба за помош, советување и надзор, дури и кога тоа не е потребно.
Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупредува дека таквото однесување често произлегува од љубовта и стравот од губење на блискоста, но може да има спротивен ефект. Наместо да ги зајакнува односите, прекумерната грижа може да ја поткопа почитта и да ги оддалечи децата.
Еве три модели кои се особено проблематични:
Претерување со размислување
Кога родителот постојано ги замислува најлошите сценарија, дали детето ќе се справи, дали ќе направи грешки, дали некогаш ќе стане независно, оваа вознемиреност се чувствува во комуникацијата. Децата тогаш не слушаат поддршка, туку недоверба. Наместо блискост, се појавува притисок.
Реакција на неизвесност
Кога возрасно дете ја доведува во прашање својата работа, врска или финансии, природно е да сака да понуди решение. Сепак, постојаното утешување и давање совети што никој не ги побарал може да изгледа како наредба. Ова го ослабува чувството на детето за компетентност и способност само да решава проблеми.
Повлекување
Ако секоја ситуација се претвори во заедничка криза, врската постепено ја губи својата рамнотежа. Детето може однадвор да се согласи да помогне, но внатрешно да почне да се дистанцира. Дел од родителската улога е и правење чекор назад – дозволувајќи му на возрасното дете да прави грешки, да учи и да ги сноси последиците од сопствените одлуки.
фото/Depositphotos
Забава
Вечер посветена на Тоше Проески во Битола: „Засекогаш во срцата“ по осми пат
Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме тој беше наш. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени, емоции и моменти што со години живеат во животите на луѓето од сите генерации.
На 05 март 2026 година, по осми пат, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на музиката и наследството на Тоше Проески. Настанот со години прерасна во препознатлива традиција и еден од најемотивните музички проекти во Битола, кој секоја година обединува публика од различни генерации.
Концертот се реализира во организација на Оркестар DIVA, во соработка со Центар за култура Битола. Оркестар DIVA со години е носител на овој проект, градејќи внимателно осмислена концертна целина која со почит и достоинство му пристапува на музичкото наследство на Тоше Проески.
Годинава, на сцената ќе настапат: Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска и Алексеј Ивановски изведувачи кои ќе ѝ дадат свој личен печат на музиката што одамна е дел од колективната меморија. Музичките аранжмани се прилагодени од Владимир Димовски, со цел песните да добијат нов оркестарски израз, задржувајќи ја нивната препознатлива емоција и суштина.
„Засекогаш во срцата“ е вечер во која публиката заедно пее, се потсетува и ја чувствува музиката што сите нè поврзува.
Концертот ќе се одржи на 05.03.2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центар за култура – Битола. Билетите се во продажба по цена од 500 денари, преку платформата yournextevent.info и на продажното место Тобако Димпо во Битола.
А публиката во Битола по осми пат ќе се собере на едно место за да го каже истото: Ти благодариме, Тоше.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.

