Забава
Меркур влегува во Стрелец: три хороскопски знаци ќе добијат понуда што не се одбива
Меркур, планетата на комуникацијата, влезе во Стрелец, каде што ќе влијае на сите знаци, особено на Стрелец, Овен и Лав. Меркур во Стрелец носи добри вести за трите знаци, а неговиот потенцијал треба да се искористи до 26 ноември.
Меркур во Стрелец претставува комбинација на интелект и авантуристички дух. Кога Меркур е во овој знак, комуникацијата станува поотворена, искрена и често филозофска. Луѓето со вакво поставување на планети во нивната родна карта имаат тенденција да размислуваат широко и имаат природна желба да учат и да го истражуваат светот. Нивното размислување е често оптимистичко, насочено кон иднината, со акцент на ширење на знаења и идеи.
Тие се инспирирани од големи идеи и сакаат да размислуваат за животот во глобални рамки. Поради влијанието на Меркур, тие се изразуваат директно, понекогаш без разлика на тоа како ќе бидат прифатени нивните зборови, што може да доведе до тоа понекогаш да бидат погрешно разбрани или доживеани како премногу отворени.
Во комуникацијата, Меркур во Стрелец сака да пренесува пораки кои ги инспирираат другите. Оваа позиција носи и способност за брзо учење, особено кога станува збор за теми поврзани со странски култури, филозофија, религија или други високи идеали.
Недостаток на оваа позиција може да биде склоноста кон претерување или идеализирање и нетрпеливост кон деталите, бидејќи повеќе ги интересира пошироката слика.
Меркур во Стрелец носи енергија на ентузијазам, искреност и желба за знаење, правејќи ги луѓето под негово влијание комуникативни, отворени и секогаш подготвени за нови авантури и идеи.
Стрелците, Лавот и Овенот најмногу ќе имаат корист од Меркур во Стрелец, па може да очекуваат повици со понуди кои ќе им го променат животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

