Забава
Мет Дејмон првпат по 25 години пишува филм со Бен Афлек

Мет Дејмон проговори за нов зеднички проект со Бен Афлек за првпат по 25 години, откривајќи дека двајцата напишале сценарио за нов филм.
Мет и Бен, кои всушност се добри пријатели, работеа на сценариото за „Последниот двобој“ (The Last Duel) со Никол Холофсенер, по сценариото што го напишаа заедно oд нивниот револувионерен филм „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting) во 1997 година.
Говорејќи во емисијата „Тунајт шоу“, Мет рече: „Ова е прв филм што сме го напишале за 25 години или нешто повеќе, и пишувавме со една одлична авторка по име Никол Холофсенер. Проектот го гледавме како приказна за перспектива, и затоа Бен и јас напишавме машката, а Никол ја напиша женската перспектива.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џенифер Лопез симулираше 18+ пози за време на настапот, реакциите се поделени

Џенифер Лопез (55) повторно предизвика бура од реакции со својот настап, овој пат на фестивалот „Кук мјузик фест“ на Тенерифе.
Во тесен костим кој едвај ги покриваше основните работи, таа изведе исклучително провокативно шоу, со елементи кои, според многу корисници на социјалните мрежи, повеќе личеа на еротски настап отколку на концерт.
Облечена во проѕирно боди со длабоки прорези, Џенифер изведе заводлива кореографија за време на настапот – клекна пред еден танчер, седна на рамената на друг со своето тело до неговото лице, а потоа имаше близок контакт со трет маж, додека сензуално допираше уште двајца.
Реакциите на нејзиниот настап беа поделени. Додека некои го пофалија нејзиното танцување и напишаа дека тоа е само дел од сценскиот настап, други сметаа дека е несоодветно. „Вака изгледа кога ќе го допреш дното“, „Убава е и згодна, но ова не ѝ треба“, беа некои од коментарите на Икс.
Фото: принтскрин
Забава
Брус Вилис повеќе не може да зборува, чита или оди поради деменцијата

Здравствената состојба на холивудската легенда Брус Вилис продолжува да се влошува. Актерот, на кого му беше дијагностицирана афазија во 2022 година, а подоцна и фронтотемпорална деменција, се соочува со сè поголеми тешкотии во секојдневниот живот.
Според извештаите на американските медиуми, како и изјавите од неговото семејство во последните години, Вилис во голема мера ја изгубил способноста да зборува и повеќе не може да чита.
Се вели дека има и моторни проблеми, но неговото семејство не даде детали за неговата мобилност. Иако болеста постојано напредува, семејството им соопшти на обожавателите во април оваа година дека неговата состојба е стабилна, и покрај предизвиците што ги носи болеста.
Оваа форма на деменција ги напаѓа деловите од мозокот одговорни за однесувањето, личноста и јазикот. За разлика од Алцхајмеровата болест, таа често ги погодува помладите луѓе. Случајот на Брус Вилис значително ја подигна јавната свест за оваа ретка и сериозна болест.
И покрај големиот јавен интерес и бројните шпекулации, семејството остана транспарентно и благодарно за огромната поддршка што доаѓа од целиот свет. Оние што се најблиски до него нагласија дека се силно поврзани како семејство и му ја обезбедуваат на актерот целата поддршка што му е потребна во овие тешки времиња.
Фото: принтскрин
Забава
Модриќ, Ѓоковиќ, Ковачиќ и Чеферин заедно на остров кај Корчула

Фудбалерите Лука Модриќ и Матео Ковачиќ, тенисерот Новак Ѓоковиќ и претседателот на УЕФА Александар Чеферин заедно уживаа во барот на плажата Моро на островчето Вела Ступа кај Корчула.
„Денеска ја имавме честа да бидеме домаќини на легенди“, напишаа од барот.
Сите четворица се големи фанови на хрватскиот брег.
Ѓоковиќ претходно беше фотографиран на Млет. На Инстаграм профилот на Aloha Mljet Rent A Bike – e-Bike – Kayak беше објавено видео од српскиот тенисер како се мачи додека оди без летни обувки. Алоха потоа се пошегува: „Треба да започнеме со собирање средства за да му купиме на Новак вистински плажни сандали – човекот се лизга околу Млет како да е на тревен терен на Вимблдон!“
Модриќ и Ковачиќ редовно летуваат заедно, а Чеферин одмара во Хрватска со години.
Фото: принтскрин