Забава
Мики Рурк прошета во маскирни тренирки
Холивудскиот актер Мики Рурк во средата беше забележан во Беверли Хилс во лежерно издание со раскопчана маица, која му ги открива тетовираните гради, и шарена заштитна маска за лице.
Тој на почетокот на минатиот месец беше принуден да го напушти снимањето на новиот филм во Латвија поради пандемијата на короновиусот. Но, Рурк се врати на познат терен неделава кога беше забележан како заминува од ресторан во Беверли Хилс со својот личен асистент.

Некогашниот голем заводник, облечен во маскирни тренирки, е просто невозможно да го одминете, без да се загледате во него, пишуваат таблоидите.

Воен стил, тетоважи на горниот дел од градите, долга руса коса до рамената, трендовски очила за сонце и несекојдневна маска за лице… кој би помислил дека овој човек има 67 години.
Претстојниот филм на Рурк, Warhunt, беше во завршна фаза на снимање, но пандемијата на коронавирусот го одложи финишот.
Филмот, кој се снимаше во главниот град на Латвија, Рига, мораше да се придржува кон локалните регулативи иако пред тоа ја игнорира одлуката на холивудска продукција да се прекине со снимање.

„Дојдов во Рига да работам и вирусот (Ковид-19) излезе надвор од контрола, но сите беа одлични“, изјави Рурк неодамна за списанието „Варајати“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ана Ивановиќ објави фотографии од дочекот на Нова година: Еве што си посака себеси
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ објави неколку фотографии на кои позира покрај елка и ја покажува модната комбинација што ја носеше за Нова Година. Таа е облечена во сребрен фустан со светки и сребрени сандали, а комбинацијата ја комплетираше со часовник и обетки.
„2025… ти благодарам што си и најсилниот и најубавиот учител што некогаш можев да го побарам. Ти благодарам за лекциите, предизвиците и што ми покажа каде сè уште треба да растам. Влегувам во 2026 година со мир во срцето и голеа возбудува за сè што доаѓа. И низ сето тоа, засекогаш сум благодарна на моето семејство и пријатели – твојата љубов ме носеше повеќе отколку што некогаш ќе знаеш.“,
View this post on Instagram
За потсетување, 2025 година на Ана беше обележана со крајот на нејзиниот брак. Нејзиниот адвокат Кристијан Шерц потврди за германскиот „Билд“ кон крајот на јули дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал Бастијан Швајнштајгер официјално се разделиле.
Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во Венеција во 2016 година. Заедно имаат три сина: Лука, Леон и Тео, а својот семеен живот го поминуваа помеѓу Чикаго, Белград, Минхен и Мајорка.
фото/ЕПА
Забава
Ќерката на Томи Ли Џонс пронајдена мртва во хотел
Викторија Џонс, 34-годишната ќерка на славниот актер Томи Ли Џонс, беше пронајдена мртва во четврток, 1 јануари, во хотелска соба во Сан Франциско, објави People.
Веста првпат ја објави TMZ, повикувајќи се на полициски извори. Противпожарната служба на Сан Франциско потврди дека добиле повик за итна медицинска интервенција во хотелот Сан Франциско Фермонт кратко пред 3 часот наутро по локално време на Нова Година.
Полициската служба на Сан Франциско, исто така, потврди дека нивните полицајци отишле на местото на настанот каде што е пронајдено мртво возрасно женско лице. Иако идентитетот не е официјално објавен, полициски извор изјави за NBC Bay Area дека се верува дека станува збор за Викторија. Причината за смртта сè уште не е позната.
Викторија е ќерка на 79-годишниот Томи и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и 43-годишен син, Остин Џонс.
Во помладите денови, таа се обидела да глуми. Првата улога ја имала во 2002 година во филмот на нејзиниот татко „Мажи во црно II“. Три години подоцна, таа се појави во филмот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“, кој го режираше нејзиниот татко. Таа, исто така, се појави како гостин во епизода од популарната тинејџерска серија „One Tree Hill“ во 2003 година.
Нејзиниот татко, Томи Ли Џонс, е познат добитник на Оскар, а ја освои и престижната награда за најдобар спореден глумец во 1993 година за неговата улога во филмот „Бегалецот“. Тој е познат и по своите улоги во филмови како „JFK“, франшизата „Мажи во црно“, „Нема земја за стари луѓе“ и „Линколн“.
Претставниците на Томи Ли Џонс сè уште не дале коментар за трагичниот настан.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Даниел Данн објави нова песна „Ќе се шекнам“
Даниел Данн со новиот сингл и видео запис „Ќе се шекнам“ ја започнува новата година. Песната е дел од EP изданието „TOP“, објавено под етикетата UP28 Music.
Автор и продуцент на песната е Александар Ристовски – Принц, кој со својата поддршка и креативна соработка придонесе Daniel Dann повторно активно да се врати на музичкото творештво и да започне со реализација на нови проекти.
Видеото е реализирано во продукција на Hit Maker, кои воедно му ја доделија и наградата за машки артист на годината. Во спотот учествуваат истакнати танчери и кореографи Даниел Коцев, Леонтина Ѓорѓиевска и Стефи Здравковска, додека за мејкапот е задолжена Марија Лазарова (Trend AS by ML).
„Среќен сум што токму со ‘Ќе се шекнам’ ја започнувам новата година. Овој проект за мене претставува нов почеток и силна мотивација со уште поголема посветеност да продолжам со реализација на следните музички проекти.“, вели Даниел Данн.
Песната „Ќе се шекнам“ од денес е достапна на сите музички платформи.

