Забава
Милјардерката Кајли Џенер ќе гради замок од нејзините соништа

Таа заработи статус на милијардерка, без разлика дали најмлада иле не, блгодарение на нејзините различни брендови.
Кајли Џенер удри камен-темелник за хациенда од нејзините соништа откако минатата година купи парцела од пет акри за 15 милиони американски долари.
23-годишната кралица на козметиката планира да изгради масивна палата од 18.000 квадратни метри во близина на нејзината мајка Крис и сестрата Клои Кардашијан во познатата енклава Хидн Хилс, според „Варајети“.
Преку вонпазарна продажба на имотот во мај 2020 година, одобрени беа дизајн планови за гаража за 12 автомобили, куќа за гости, штала, објект за стражари со полно работно време, спортски терен и базен. Нема детали за главниот објект, односно куќата во која ќе престојува кога ќе сака да дојде таму.
Кајли не е единствената од таканаречената А-листа на селебрити личности која купила имот на оваа локација. Мајли Сајрус купи парцела во 2015 година, но не изгради куќа бидејќи го продаде имотот три години подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.
Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.
Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.
Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.
Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.
Забава
Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.
„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.
Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.
„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.
Забава
(Видео) Српска инфлуенсерка го привлече вниманието на ревијата на Валентино во Париз

Тамара Калиниќ е една од најпознатите модни инфлуенсерки во регионот, чии модни избори секогаш се следат со голем интерес.
Оваа српска блогерка со постојана адреса во Лондон со години инспирира со своите елегантни, префинети и луксузни модни комбинации, а нејзиниот Инстаграм профил го следат речиси два милиони луѓе, кои секојдневно бараат инспирација во нејзиниот моден избор.
Сепак, нејзиното последно модно издание на ревијата на Валентино во Париз, одржана на 9 март 2025 година, предизвика различни реакции.
Тамара за оваа пригода беше облечена од глава до пети во парчиња на Валентино. Таа избра елегантен црн фустан со суптилни бели детали на ракавите од најновата колекција на брендот. Изгледот го комплетираше со црни хулахопки со дезен, салонки со црвен ремен околу глужд, црни очила за сонце и црна чанта.
Сепак, највпечатлив дел од нејзиното издание, што предизвика дискусија во коментарите, беше накитот за уста во форма на метална декорација што оди преку усните.
@tamara @Valentino ♬ original sound – Tamara Kalinic
„Ова е првпат да не ми се допадне ништо друго освен твојата убавина“, „Накитот за усни е ужасен. Веќе има доволно жени замолчени на овој свет за доброволно да носиш такво нешто во името на модата“, беа некои од критиките.
Но, за некои тој детаљ беше омилен дел од нејзината облека. „Накитот за усни ми е омилен!“, „Го сакам! Толку храбар и поларизирачки, тоа е она што го прави стилот одличен!“, „Секогаш најшик“, „Конечно вистинска мода! Накитот за усни совршено ја раскажува приказната за целата облека. Веројатно вашето најдобро издание досега!“