Забава
Ми го разубави денот! Видерспун реагира на грешката дека е Кери Андервуд
Таа е една од најпознатите жени во светот.
Но, на Рис Видерспун не ѝ смета што ја помешале со уште едно познато лице, додека вршела секојдневни обврски во Лос Анџелес во неделата.
Всушност, харизматичната ѕвезда на „Легално русокоса“ се чини дека е прилично воодушевена поради тоа. Таа напиша на Твитер: „За жената на паркингот која ме праша дали сум Кери Андервуд: Официјално ми го разубави денот!“

Актерката и продуцентка Рис Видерспун (44) и пејачката Кери Андервуд (37) имаат слична фризура и боја на коса

Малку иронично, но оскаровката Рис – една од покренувачите на иницијативата новинарите на црвениот тепих да ги прашуваат дивите за улогите а не за фустаните – беше прогласена за најдобро облечена селебрити-личност во 2015 година од страна на угледното списание „Пипл“.
Ова не беше нова титула за холивудската ѕвезда имајќи предвид дека таа беше крунисана како најелегантна од страна на „Асес Холивуд“ два пати. А во четири наварти беше меѓу 100 најубаво облечени жени на планетата, по избор на разни жирија.

Во 2015 година таа беше една од основачите на кампања со хаштаг „прашајте ја повеќе (#askhermore), со цел новинарите на црвениот тепих да престанат со праксата да ги прашуваат актерките, за разлика од мажите актери, за креациите во кои се облечени туку за филмот во кој глумат.
За себе, таа вели дека изгледа како печурка, поради скромната висина од 158 центиметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

