Контакт

Забава

Момче од САД го поканило на роденден целото одделение, но никој не му дошол

Објавено пред

Шестгодишниот Тед Мазини ги повикал на прослава на неговиот роденден  сите 32 соученици од одделението, но никој од нив не се појавил во пицеријата во Тусон, Аризона.

dobivaj vesti na viber

Фотографијата на која се гледа тажното лице на Тед, додека осамен стои покрај масата, на која празни останале црвените роденденски чинии, ја објави каналот Еј-би-си 15.

Сил Мазини, мајка на Тед, раскажала дека испратила 32 покани и неколку луѓе пријавиле дека можеби нема да бидат во можност да дојдат, но не очекувала дека никој нема да се појави.

„Ќе престанам со организирање забави на некое време“, разочарано рекла таа.

По објавувањето на фотографијата, Теди почнал да прима честитки од различни делови на САД, како и подарок од кошаркарскиот тим на Финикс Санс – билети за натпреварот со ЛА Лејкерс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гитаристот на Ози Озборн застрелан во Лас Вегас

Објавено пред

Поранешниот гитарист во бендот на Ози Озборн, Џејк Е. Ли бил застрелан неколку пати додека го шетал своето куче во Лас Вегас, но повредите со кои се здобил не биле опасни по живот, објавија денеска американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Џејк Е. Ли, музичар кој помогна во работата на соло албумот на Ози од 1983 година, Bark At The Moon, е свесен и „се очекува целосно да закрепне“, пишува Sky News.

Тим Хајн, менаџерот на рок бендот Red Dragon Kartel, изјави дека ниту еден од неговите внатрешни органи не бил засегнат.

„Со милоста Божја, ниеден поголем орган не е зафатен, тој е целосно свесен и се очекува целосно да се опорави. Инцидентот е под полициска истрага и нема да има дополнителни коментари“, рече Хајн.

Полицијата во Лас Вегас соопшти дека пукањето се случило во вторникот околу 2:40 часот во населба лоцирана на околу 15 километри од центарот на Лас Вегас, дека никој не е уапсен и дека истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Робот за прв пат диригираше со симфониски оркестар

Објавено пред

Под диригентство на робот во неделата настапија музичарите на симфонискиот оркестар на Дрезден.

dobivaj vesti na viber

Роботот диригираше со помош на три зглобни раце дизајнирани во соработка со локалниот технички универзитет.

Робот со три зглобни раце, дизајниран да имитира човек, од кои секоја држеше палка која потсетува на светлосните мечеви од филмот „Војна на ѕвездите“, а беше изведена музика составена специјално за него, објави Фигаро.

Роботот ги користел своите три раце за да ги диригира трите дела на оркестарот одделно, што не би било возможно со еден човек диригент.

Прикажи повеќе...

Забава

Најубавата актерка на светот, фотографирана на снимање на нов филм, изгледа непрепознатливо

Објавено пред

Сидни Свини деновиве е снимена на сет на филмот во кој ќе ја толкува славната боксерка Кристи Мартин.

dobivaj vesti na viber

27-годишната актерка се маскирала во боксерката за потребите на снимањето и нејзините фотографии брзо се проширија на социјалните мрежи.

Многумина напишаа дека Сидни им изгледа непрепознатливо. Таа носеше кафена кадрава перика, сина марама и широка облека за да го прикаже животот на Марта во 90-тите пред нејзиниот сопруг Џејмс да се обиде да ја убие.

„Каква трансформација“, „Жената е одличен секс симбол, но уште поголема актерка“, „Мислам дека ова ќе биде одлична интерпретација“, „Премногу добро“, пишуваат луѓето на Икс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Три пиштоли, рамки, шаржер, илјада куршуми, шок бомби и дрога пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество...

Македонија1 час

„За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според...

Свет3 часа

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, но тоа се однесува на надворешно...

Европа3 часа

Украинските власти наредија евакуација на Купјанск, еден од клучните градови: „Се водат тешки битки“

Украинските власти денеска наредија евакуација на Купјанск, важен град и три други локалитети во североисточниот регион Харков, бидејќи руските сили...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие...

Свет3 часа

Северна Кореја тврди дека 1,4 милиони млади луѓе се приклучиле на армијата

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, се...

Македонија15 часа

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км североисточно од Демир...

Македонија19 часа

Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење...

Македонија19 часа

13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата. Со контролите опфатени...

Македонија19 часа

Рама: Северна Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Северна Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’...

Топ20 часа

Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што...

Македонија21 час

Германската министерка на средбата со Муцунски: Потребна ни е обединета ЕУ, која нема да биде блокирана од одделни земји членки

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни...

Македонија22 часа

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...

Македонија23 часа

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа,...

Регион24 часа

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија1 ден

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија1 ден

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет1 ден

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет1 ден

Белата куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ2 дена

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...