Забава
Моника Барбаро – синоним за стил и елеганција во кралско син костим
Актерката Моника Барбаро зрачи со елеганција и софистицираност на фотографиите на кои една од главните протагонистите на новиот „Топ ган“ е сликана на соло прошетка во Њујорк.
Ѕвездата на „Топ ган: Маверик“ на себе има костим во кралско сина боја и црвени високи потпетици. Изгледот го дополни со сребрени обетки и капут од црна кожа лежерно префрлен преку раката.

29-годишната актерка чекори со широка насмевка, најверојатно, на некоја забава или свечена вечера во Големото јаболко, четири месеци пред премиерното прикажување на „Топ ган: Маверик“, закажано за 26 јуни.
Во филмот ја игра Феникс, една од неколкуте нови ликови во долгоочекуваното продолжение на оригиналната верзија „Топ ган“ од 1986.

Тром Круз се враќа во улогата што го направи славен и кого луѓето го препознаваа како пилотот Пит Мичел (Маверик) од „Топ ган“, каде што тој е инструктор на академијата.

Вил Калмер се враќа како Том Казански (Ајсмен) заедно со други новодојденци во франшзата, како, на пример, Џенифер Конели, Џон Хем, Глен Пауел и Ед Харис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
стин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

