Контакт

Забава

Моника Белучи во врска со 18 години помладо момче

Објавено пред

Италијанската актерка Моника Белучи (54) за првпат се појави во јавноста со своето момче Николас Лефевр (36), француски скулптор со кого е во сериозна врска веќе некое време. Двојката не се криеше од фотографите, тие се држеа за раце на Модната недела во Париз.

dobivaj vesti na viber

Тој е поранешен модел, уметник и сценограф кој ги покажа своите џентлменски манири кога на својата девојка ѝ ја отвори вратата од автомобилот при заминувањето од ревијата на „Шанел“.

Разликата во возраста очигледно не им пречи, а Николас го освои срцето на една од најсексапилните актерки во светот уште  пролетта  2017 година. И покрај озборувањата, тие успешно се криеја од јавноста сè досега.

Познатата италијанска актерка во 2013 година се разведе од францускиот актер и колега Винсент Касел (52), кој исто така сака помлади.

Минатата година Касел се ожени со моделот Тина Кунаки (21), која е 31 година помлада од него и со која  очекува дете.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Бекам е повторно сингл, со својот изглед привлече внимание во Париз

Објавено пред

Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, а како резултат на тоа, во центарот на вниманието се појавија и бројни други гласини.

dobivaj vesti na viber

Веќе некое време, поточно, од прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулира дека односите во семејството не се баш најдобри, а дека постои и тензија меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат во тајност.

Во тој период, Ромео решил да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.

За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности на овогодинешниот турнир.

Исто така, се пишуваше дека Ким била причината зошто односите во семејството биле затегнати, но извор близок до двојката открил дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во најдобар ред.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Џенифер Лопез воодушеви со својот изглед и енергија, носеше провокативен костим

Објавено пред

Латино дивата Џенифер Лопез настапи на фестивалот World Pride Music во Вашингтон и блесна во сребрен костим.

dobivaj vesti na viber

Не е тајна дека Џеј Ло внимателно го подготвува секој свој настап и ги воодушевува луѓето ширум светот со својата енергија. Сепак, како и обично, фокусот беше на нејзиниот костим, а овој пат беше доста провокативен.

Како што истакна, се чувствува слободна и среќна и е подготвена да ја сподели целата енергија што ја има со публиката.

Прикажи повеќе...

Забава

Две намирници што најмногу дебелеат кога се консумираат на „празен стомак“

Објавено пред

Појадокот е најважниот оброк, но треба да внимавате што јадете на празен стомак. Лекарите велат дека одредени намирници можат да бидат штетни ако се консумираат „на празен стомак“.

dobivaj vesti na viber

Зошто е важен првиот оброк наутро? Појадокот поттикнува многу метаболички процеси, па затоа е важно да знаете од кои состојки е направен и како тие влијаат на телото.

Тоа во голема мера го обликува нашето однесување во исхраната, влијае на здравјето на поединечните органи и на телото како целина. Утринскиот оброк влијае на нашето расположение, па дури и нашата телесна тежина често зависи од тоа што јадеме наутро.

Затоа експертите препорачуваат пиење чаша топла вода секое утро и избор на протеинска храна. А што не се препорачува?

Свежо исцеден сок

Киселите сокови, кои повеќето ги нарекуваме здрави и се направени од цедено овошје, можат да бидат штетни за желудникот. Покрај тоа, соковите се извор на едноставни шеќери кои нема да нè заситат, напротив!

Ако ги пиеме на празен стомак, тоа само ќе го зголеми апетитот и ќе ги зголеми мастите. Сето ова придонесува за дебелина. Нутриционистите велат дека ако претпочитате „течни“ оброци, подобро е да имате зеленчукови смутија за појадок.

Секаков вид печиво

Повеќето луѓе избираат печива за прв оброк наутро, но оваа храна е една од најлошите опции. Големата количина шеќер, масти и пченично брашно само го зголемува нивото на шеќер во крвта, што создава лажно чувство на ситост кое многу брзо поминува. Печивата на празен стомак само придонесуваат за прекумерна тежина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија48 минути

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет1 час

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет2 часа

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа3 часа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Свет4 часа

(Видео) Немири во Лос Анџелес, судири меѓу полицијата и демонстрантите, запалени автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите по...

Македонија12 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија18 часа

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија19 часа

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија20 часа

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција,...

Македонија22 часа

(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани...

Свет23 часа

(Видео) Силен украински напад врз Москва: гори фабрика, затворени се аеродроми

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва доведе до затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија...

Свет23 часа

(Фото) Трамп испраќа 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес поради демонстрантите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе испрати 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес по вториот...

Свет1 ден

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе застрелан на изборен настан

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за својот живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија2 дена

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет2 дена

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...