Забава
Мјузиклот за Тина Тарнер од денес на Бродвеј
По уводните претстави на 12 октомври, мјузиклот за Тина Тарнер официјално се отвора во театарот Лант-Фонтана на 7 ноември.
Актерката Адриен Ворен ја глуми суперѕвездата и рок-легенда Тарнер од скромните почетоци во Натбуш, Тенеси, до нејзината трансформација во глобална кралица на рокенролот.
Мјузиклот вклучува и неколку нејзини хитови River Deep Mountain High, Proud Mary, Private dancer и (Simply) the Best.
Претставата е во режија на Филидe Лојд, текстот го напишаа Катори Хол, Франк Кетелар и Кјес Принс, а кореографијата на музичките сцени е во рацете на Ентони ван Лааст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Стинг: Седум часа сексуален однос вклучува вечера, филм и пет часа молење
Музичарот Стинг е во брак со Труди Стајлер од 1992 година. Во раните 90-ти, тој зборуваше во медиумите за нивните „седумчасовни секс маратони“. Сега откри дека тоа е лага и дека само се шегувал.
„Седум часа вклучува вечера, филм и пет часа молење“, рече тој во интервју за „Тајмс“.
Иако тоа дури сега го призна, неговата сопруга уште во 2011 година рече дека изјавата за седумчасовен секс е „пијано фалење“ и се пошегува дека „тоа го прават цел ден“.
„Стинг го кажа тоа пред 21 година. Неодамна наполни 60 години и претпоставувам дека таа тантричка приказна ќе трае додека не умре. Знаете кој е виновен за тоа? Боб Гелдоф. Тој и Стинг отидоа на интервју со рок новинар што прерасна во ‘пиенка’, а во еден момент, новинарот ги праша колку долго им трае сексот. Гелдоф рекол дека е „маж од три минути“. Бидејќи Стинг практикува јога, веројатно би можел да издржи со часови, па тој рекол: „Дали сте слушнале за тантричкиот секс“, рече Труди.
Во новото интервју Стинг сподели и други детали за бракот. Тој вели дека тантричкиот секс за него е духовен чин.
„Не знам почист и подобар начин да ја изразам љубовта кон друга личност од споделувањето на тој убав настан, кој јас го нарекувам „света тајна“. Не е седум часа, но идејата стои“, рече тој.
Стинг и Труди се запознале во 1982 година, додека музичарот сè уште бил во брак со неговата прва сопруга Френсис Томелти. Отпрвин биле пријатели, но се заљубиле. Откако се разведе од Френсис во 1984 година, тој започна врска со Труди.
Забава
Камерон Дијаз за паузата од актерството: Најдобрите десет години од мојот живот
Филмската ѕвезда на Холивуд, Камерон Дијаз, која се враќа на големото платно овој месец во новиот шпионски трилер со колешката Џејми Фокс наречен Back in Action, изјави дека десетте години што ги поминала во привремено актерско пензионирање досега биле најдобрите десет години во нејзиниот живот.
Не е познато дали ова е нејзино трајно враќање на актерството, но, како што рече во емисијата на Би-Би-Си, ова можеби е само почеток.
На прашањето дали и се допаѓа анонимноста и тоа што се вратила чекор назад, таа одговорила: „О, Боже, да, ми се допадна“, додавајќи дека тоа и овозможило слободно да ја исполни својата улога на мајка и сопруга, но таа е „навистина среќна и благодарна“ што повторно глуми.
Нејзината последна улога, онаа на Ханиган во римејкот на филмот Ени, беше во 2014 година. Но, Дијаз (52) официјално го потврди своето повлекување од актерството во 2018 година.
Зборувајќи за нејзината пауза од снимањето филмови, Дијаз рече дека тоа биле „најдобрите 10 години од нејзиниот живот“. Иако целото ова време ги одбиваше улогите, таа рече дека и денес чувствува дека е привилегија да глуми.
„Би била навистина глупава да го пуштам ова сега, сета добра волја што расте во мене толку долго, страста за правење филмови што ќе ги забавуваат и насмеат луѓето, ако не се вратам во тоа, ако не ја искористам оваа прилика. Благодарна сум“, објасни таа.
Забава
Поранешните соработници ја обвинуваат Меган: „Луѓето одат на терапија поради неа“
Меган Маркл (44) е толку напорна додека работи што на нејзиниот персонал поради малтретирањето му била потребна терапиј, според новите наводи на Vanity Fair.
Таа и сопругот Хари (40) работеа заедно на различни проекти како што се неговата книга „Spare“, подкастот на Меган „Archetypes“ и нивниот документарен филм за Нетфликс. Додека некои соработници ги напуштија проектите од практични причини, други тврдат дека имале сериозни тешкотии при прифаќањето на нивните големи идеи.
Еден вработен, кој работел на подкастот завршил на долготрајна терапија по соработката со Меган, а други тврдат дека правеле долги паузи од работа за да ја избегнат поранешната војвотка пред целосно да заминат, односно да дадат откази.
Пред само неколку години, неколку поранешни вработени во војвотката од Сасекс ја обвинија дека создава токсична работна средина, со обвинувања за вербална злоупотреба и малтретирање.
Кога размислувала за интервјуата за подкастот, војводата од Сасекс, наводно, сакала да води серија во која ќе интервјуира моќни мажи со комплицирани приказни, како Владимир Путин и Доналд Трамп. Хари бил особено заинтересиран за тоа како нивните лични искуства ја обликувале нивната социопатска природа. Најпосле, речиси две години по потпишувањето на договорот, Меган лансираше свој подкаст чија цел е да ги зајакне жените и да ги урне родовите стереотипи.
Нападите на парот во последно време доаѓаат од сите страни. Нивните соседи од Калифорнија ги нарекоа „најпривилегираните и најнечесни луѓе на планетата“.
Во низа остри коментари, богатите сопственици на куќи кои живеат во Монтесито, недалеку од имотот на парот вреден 29 милиони долари, ги критикуваа Хари и Меган дека го претвориле нивното некогаш тивко соседство во бучно, полно со туристи и брзи автомобили.
Еден лут локален жител од луксузното предградие на новинар му рекол: „Тие се преселиле од Англија за да го избегнат притисокот на медиумите, а сè што прават овде е привлекување на американските медиуми“.
Вплеткани се во низа контроверзии откако ја напуштија својата позиција во кралското семејство и продолжија да живеат луксузен живот во Америка.
Извршниот директор на „Спотифај“ ја нарече двојката „проклети измамници“ откако нивниот договор со платформата за стриминг заврши, а неодамна готвачкото шоу на Меган на Нетфликс наиде н обвинувања дека таа копирала рецепти на други готвачи.