Забава
Над два милиона луѓе ја заследија Селена Гомез за 24 часа
За еден ден Селена Гомез на „Инстаграм“ почнале да ја следат повеќе од два милиона луѓе. Од 22 февруари бројот се зголеми над 5 милиони, што дополнително го потврди нејзиниот статус како најследена жена на „Инстаграм“.
Таблоидите не престануваат да пишуваат за новата шоубиз-драма на социјалните мрежи, која се чини дека сè уште не стивнува.
А во драмата се појавуваат три ѕвезди – Селена Гомез, Хејли Бибер и Кајли Џенер.

Селена Гомез моментно е најчестото име на социјалните мрежи, а причина е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер) и Кајли Џенер.
Сè почна на 22 февруари кога милиони фанови заклучија дека Хејли и Кајли ја исмеваат Селена поради нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Тоа беше истиот ден кога Селена ја собори Кајли како најследена жена на „Инстаграм“.
Набргу на социјалните мрежи почна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, да ги отследат Кајли и Хејли и така бројот на нивните фанови рапидно почна да се намалува за стотици илјади луѓе, а на Селена од 381 милион се искачи на над 386 милиони.

Фотографијата што ја објави кога сè почна денес има 17 милиони лајка. И 17 милиони лајка на стара фотографија, која претходно ја објави, а потоа ја избриша. Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број хејтери, кои сега ги нарекуваат „злобни девојки“.
На „Тик-ток“ во тренд се објави во кои луѓето се снимаат како кликаат „отследи“ (unfollow) кај Хејли Бибер и Кајли Џенер и „следи“ (follow) кај Селена Гомез. „Девојко, ние сме со тебе“, ѝ велат на Селена, која среде ваквата војна најави дека на некое време ќе се повлече од социјалните мрежи.
Шпекулациите за драма помеѓу Хејли Бибер, Селена Гомез и Кајли Џенер не стивнуваат на интернетот, што веројатно е причина Гомез да направи пауза од социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

