Забава
Наследникот на британскиот трон набргу ќе биде крунисан
Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај и, како што се приближува датумот, многумина се преокупирани со многуте драми и кавги во пресрет на големиот настан.
На 74 години Чарлс ќе биде најстариот во историјата што ќе се закити со круна на главата. Настанот доби поделени мислења во Обединетото Кралство. Некои му посакуваат најдобро на неговото кралско височество, други сакаат круната да му биде предадена на неговиот син Вилијам, принцот од Велс, а други бараат целосно укинување на монархијата.
Како најстар од децата на кралицата Елизабета, Чарлс е во редот за тронот веќе 70 години, што е рекорд во кралското семејство.

На 10 септември Чарлс (официјално принцот од Велс) беше прогласен за крал на церемонија пред Советот за пристапување. Тоа се случи два дена по смртта мајка му, кралицата Елизабета.
Сегашниот крал, кој многу долго време познат како принцот Чарлс, може да се дефинира како вечен претендент за британскиот трон. На 73-годишна возраст синот на Елизабета Втора, конечно, ја доби одговорноста што ја чекаше цел живот.
Најстариот од четирите деца на кралицата и војводата од Единбург (Филип Маунтбатен), Чарлс, ќе остане запишан во историјата како наследник со најдолг стаж во историјата на британската монархија. Пред него оваа чест ја имаше неговиот прапрадедо Едвард Седми, кој на тронот дојде на 59-годишна возраст.
Подготвен, но не толку популарен – сите кралски хроничари велат дека тој е високообразован човек. Тој е бунтовен, да, но има многу јасна идеја за тоа што треба да биде британската монархија. Меѓутоа, неговата подготовка никогаш не го направи еден од најпопуларните членови на британското кралско семејство.
Отсекогаш сакал да биде крал – оценката за популарност на Чарлс е, всушност, толку ниска што некои дури предложија негово повлекување од тронот во корист на неговиот најстар син Вилијам. Сепак, Чарлс нема да стори такво нешто бидејќи во неколку наврати јасно стави до знаење дека ќе биде крал по секоја цена.

Неговата желба да стане крал, конечно, се оствари, но многумина нема да сакаат да го прегрнат како што направија со мајка му и тој има тежок пример што треба да го следи. Светот ја загуби кралицата Елизабета Втора и многумина се прашуваат дали синот ќе успее да ја прескокне сенката на мајка си и дали ќе биде на висина на задачата.
Со нејзиното заминување Чарлс ја доби круната, но и огромен товар и обврска да го задржи статусот на монархијата во срцата на Британците, како што тоа го правеше Елизабета седум децении.
Според многумина, смртта на Елизабета Втора го означи почетокот на крајот на врската со британската монархија, која таа ја изгради и зачува цели 70 години. Новата химна вели дека Бог го штити кралот, но – дали Британците ќе го заштитат?
Невозможно е да се игнорираат оние што носат транспаренти на улиците: „Тој не е мој крал“. „Укинете ја монархијата“.
Тој ги носи товарот на славата и недостижната харизма на својата мајка, факт што, најверојатно, повеќе му се допаѓа на неговиот постар син Вилијам. Чарлс со децении го носеше неблагодарниот епитет на крал во чекање.
За Чарлс Трети, важен е балансот меѓу модернизацијата и одржување на прастарата мистика на кралството. Тој од почеток се претставува помалку недостижен од својата мајка, покажува малку повеќе емоции и јасно разбирање на својата улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.
Забава
Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.
Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.
Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.
Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.
Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.
Забава
(Видео) Милиони измамени: Како ВИ моделот Ниа Ноар го излажа интернетот
Моделoт создаден со вештачка интелигенција, Ниа Ноар, успеа да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ има околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи.
Иако многумина верувале дека станува збор за вистинска личност, Ниа Ноар е целосно генерирана со ВИ. Корисници забележале дека нејзините танци и облека често се идентични со оние на реални креатори, додека позадините во видеата изгледаат статично и неприродно, особено во сцени што наводно се снимени на отворено.
@nianoir.xo♬ Big Guy – from “The SpongeBob Movie: Search for SquarePants” – Ice Spice
Константин Левинзон, коосновач на „Планет ВПН“, објасни дека ВИ-содржините често се препознаваат по проблеми со екстремитетите, неприродно мазна кожа, „стаклен“ сјај на очите и неускладеност меѓу субјектот и позадината. Според него, кај ВИ-сликите лицата често изгледаат „исклесано“, а не фотографирано.
Сè уште не е познато кој стои зад профилот, ниту дали ликот е базиран на реална личност. Сепак, и покрај очигледните знаци, содржината била доволно убедлива за да измами милиони луѓе.

