Забава
Наспроти шпекулациите дека се разведуваат, Елен Деџенерис и нејзината сопруга купија луксузна вила од 15 милиони долари
Една од најпознатите американски презентерки Елен Деџенерис (60) и нејзината сопруга Порша де Роси (45) купија раскошна вила во Беверли Хилс за која платија 15 милиони долари.

Луксузниот имот во сончевата Калифорнија е изграден во 1962 година и беше во сопственост на актерката Марџори Лорд, а по нејзината смрт вилата беше продадена за 8,3 милиони долари (2015 година).
Вилата располага со пространи соби, со прекрасен поглед на Лос Анџелес, и речиси секоја соба е во стакло.

Вилата има пет спални соби и четири и пол бањи, што ја прави идеална за гости, за што Деџенерис не мора да се грижи, бидејќи ќе има каде да ги смести.

Главната спална соба е опремена со најлуксузната бања, а од бањата се излегува на базен и спа.

Елен и Порша неодамна ја прославија десеттата годишнина. Се забавуваат од 2004 година, а на 16 август ја прославија годишнината во поранешниот дом во Лос Анџелес со скромни 19 гости, меѓу кои беа само членови на семејството и пријателите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

