Забава
Научник кој ги создал првите генетски модифицирани бебиња осуден на три години затвор

Кинескиот научник Хе Џанкуеј, одговорен за првите генетски модифицирани бебиња, е осуден на три години затвор, нешто повеќе од една година по објавувањето дека тој успеал да ги создаде генетски модифицираните близнаци Лулу и Нан, отпорни на вирусот ХИВ, со кој бил заразен нивниот татко.
Непотврдени извештаи наведуваат дека тој бил вмешан во раѓање на уште едно бебе на кое по вештачки пат му бил менуван генот. И покрај тоа што тој рече дека е горд на тоа што го постигнал, ваквиот потег не беше добредојден од научната заедница. Реакциите се движеа од огорченост до целосно непријателство, критика и повикување да се кази праксата која што не ги почитува етичките принципи.
Кинескиот суд пресуди дека Хе ќе помине три години зад решетки, како и дека ќе мора да плати казна од три милиони јуани (430 000 долари).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Михаел Шумахер роди девојче

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија (28), и нејзиниот сопруг Јан Бетке го добија своето прво дете.
„Добредојде во светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“, напиша Џина Марија на „Инстаграм“ покрај црно-белата фотографија од својата новородена ќерка.
View this post on Instagram
Објавата бргу предизвика лавина честитки и поддршка од фановите. „Честитки! Многу сум среќна за тебе. Ќе бидеш неверојатна мајка”, напишал еден следбеник, а друг додал: „Прекрасно! Најголемата радост што може да ја има секој“.
Забава
Џенифер Лопез фотографирана на снимањето филм, ги насмеа луѓето со своите гримаси

Актерката и пејачка Џенифер Лопез работи на нов филм. Станува збор за романтичната комедија Office Romance на „Нетфликс“, напишана од Брет Голдстајн и Џо Кели, а главните улоги ги толкуваат Голдстајн и Џенифер Лопез. Режисер е Ол Паркер.
Џеј Ло беше фотографирана на снимањето на филмот. Таа со своите гримаси насмеа многу луѓе.
Папараците ја снимиле како јаде сендвич и пие кафе.
Забава
Диета што ги убива мастите, а на многумина не им се допаѓа: позната актерка изгледа прекрасно во своите 60-ти поради овој начин на исхрана

Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансира и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.
Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.
Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житни зрна, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк, туку во супа или чорба.
Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е дозволено.
На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, напивки од бобинки, супи.
Кога станува збор за зеленчукот, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или блендирана.
Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира петпати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.