Забава
Највештите заводници на хороскопот: би завеле и камен…
Некои членови на зодијакот, едноставно, се неодоливи – шармантни, секси и магични. Кои се највештите хороскопски заводници на кои никој не може да им одолее?
Хороскопот ги открива најголемите заводници. Ако го имате асцендентот, или Месечината, исто така во еден од овие знаци, ќе забележите дека ги привлекувате луѓето како магнет и дека никој не може да ви одолее.
Кои се највештите хороскопски заводници
Лав
Лавот е чиста светлина. Светло сонце, глас што не се заборава, присуство што никогаш не останува незабележано! Има воздух на супериорност, самодоверба и стил на самодоволност што те тера да сакаш да го допреш, да добиеш дел од тој сјај! Лавот е практично невозможно да се игнорира, тоа е како да се преправате дека не можете да го видите сонцето како сјае! И, секако, да не заборавиме дека Лавот има незамислива моќ да привлече многу луѓе, без разлика дали станува збор за партнери или пријатели! Тие се убедливо највештите заводници во хороскопот.
Риба
Не треба напор да се биде шармантен, потребен е начин! И слушнете сега: Рибите се токму тоа што се и секој во одреден момент паѓа во замката на нивниот шарм, која не ја ни поставиле. Тоа,едноставно, се случува! Нивната „наивност“ е всушност доблест што универзумот им ја подарил. Рибите пленат со својата нежност, убави очи, магична аура и ги заведуваат сите со таква неопислива леснотија.
Вага
Вагите одат рака под рака со Лавовите кога во прашање е заведувањето. Тие се мајстори за заведување. Вагите се шармантни, зрачат со убавина и хармонија и, едноставно, ве искушуваат. И тоа не се однесува само на Сончевиот знак, туку и на сите оние што имаат Месечина или асцендент во Вага. Никој не може да ви одолее.
Близнаци
Уште еден воздушен знак кој не мора ни да се обидува да заведе друга личност. Близнаците имаат начин да ве натераат веднаш да ја фатите мамката, а од таму па наваму доаѓа уметноста на заведувањето, која тие многу добро ја знаат. Ќе ве натераат да мислите на него повеќепати отколку што би сакале!
Бик
Не мора многу да го анализираме. Бикот, кога ќе го фатите во својата најдобра форма, е знак што може да стопи камен со својата нежност, стабилност и шарм. И воопшто не мора да се обидува да заведе некого – тоа му е вродено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

