Забава
Најголемите ѕвезди од балканската рок и поп-сцена гости на концертот на Жељко Самарџиќ, кој е пред распродавање
Само неколку дена нè делат до големиот концерт на Жељко Самарџиќ, каде што на сцената во арената „Борис Трајковски“ оваа сабота (13 април) ќе одржи концерт заедно со пријателите.
Со своето долгогодишно творештво Жељко Самарџиќ се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници. Интересот да се слушне во Скопје е огромен, па воопшто не е зачудувачки што концертот е речиси пред распродавање. Овој музички настан ветува ноќ исполнета со неповторливи музички чуда, а Самарџиќ ќе биде придружуван од гудачки оркестар.
Кога тој ќе настапи на сцената и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13 април нема да биде како ниеден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење од 2 часа или нешто повеќе, Жељко Самарџиќ и пријателите + многу специјални гости.
Присутните ќе имаат ретка можност на иста сцена да ги слушнат и видат најдобрите музички ѕвезди од рок и поп-музиката, некои од нив со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници, но и големи пријатели на Самарџиќ.
Концерт кој нема да има реприза и можност што не смеете да ја пропуштите. Затоа на календарот заокружете го датумот 13 април и подгответе се за музичко уживање.
Преостанатите влезници се достапни за купување онлајн на www.kupikarta.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:

