Забава
Најдобрите модни стилови на оскаровската вечер
Познатиот тепих ја промени бојата во Холивуд за годинешното доделување на „Оскарите“ – го опишаа како шампањ наместо како традиционалниот црвен. Но, гламурот на дефилето пред свечената церемонија беше ист како и секогаш.
Кејт Бланшет имаше осма номинација за „Оскар“ во кариерата. Нејзината елегантна креација од сино кадифе украсена со лента, што ја изработија бегалци во рамките на иницијативата на Агенцијата за бегалци при Обединетите нации.
Мишел Јео, ѕвездата на „Сè секаде одеднаш“, пристигна во бела тоалета на „Диор“, нагласена со дијаманти, и ја победи Бланшет во трката за најдобра актерка во главна улога.
Мишел Вилијамс беше номинирана за најдобра актерка – петто признание во нејзината кариера – за улогата на мајката на Стивен Спилберг во The Fabelmans („Фејбелменови“). Таа се одлучи за бел проѕирен фустан на „Шанел“, прошаран со кристали.
Лејди Гага, која ја изведе својата песна Hold My Hand од „Топ-ган: Маверик“, пристигна во црн фустан од „Версаче“, со црн тил врз корсет.
Ријана исто така пееше на церемонијата изведувајќи ја Lift Me Up од филмот „Црн пантер; Ваканада засекогаш“.
Британската актерка Флоренс Пју пристигна во раскошна креација врз црни шорцови и чевли на платформа. Изгледот го дополни со впечатлив сребрен ѓердан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Трето издание на Охридскиот вински фестивал
Оваа година фестивалот Охридскиот вински фестивал ќе се одржи на 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти.
На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку Леле, Миле Кузмановски, Некст Тајм и многу други, а оваа манифестација го најавува и летниот културен бран на нашата најзначајна туристичка и културна дестинација.
На фестивалот ќе учествуваат голем број од најпознатите македонски винарии, како и мали семејни винарии, а целата понуда ќе биде збогатена со гурмански деликатеси.
Забава
Манипулаторки во Зодијакот: на секој маж му полудува умот
Манипулаторите во Зодијакот секогаш го добиваат она што го сакаат, а токму така е и кога се во прашање мажите. Дали сте меѓу овие знаци?
Жените кои успешно манипулираат се многу интелигентни и едноставно уживаат во игрите на умот без да размислуваат за последиците…за другата страна. Тие се следбеници на теоријата дека е лесно да се победи некоја личност ако му влезете во главата и доминирате со нивното размислување. И тие се секако експерти за тоа.
Кои се манипулаторите на зодијачкиот круг?
Шкорпија
Умот на Шкорпијата е многу сложен, понекогаш мрачен. Ова е многу интелигентен хороскопски знак со страшен инстинкт и склоност кон тајни и загатки. Едноставно сака да доминира во нејзините врски и првото нешто кон што ќе цели е да „улови“ маж. И откако умот ќе и припадне, телото на мажот ќе се предаде безусловно. Играњето игри со умот со овој знак никогаш не е лесно и мажот мора да биде вешт играч за да ја заинтригира. Ако мажот не може да го направи тоа, таа нема ни да го забележи.
Близнаци
Ако зборуваме за интелигенција, Близнаците секако се еден од првите знаци што ни паѓаат на ум. Тие можат да бидат доста критични, но вистината е дека имаат ум „жилет“ кој може да извршува неколку задачи истовремено, без да можете со ништо да им го одвлечете вниманието. Таа, исто така, сака да игра игри со умот, многу интригантна и снаодлива. Сепак, прашање е колку мажот за кој таа е заинтересирана може да го издржи тоа.
Овен
А за жените Овен се е предизвик. Конкуренцијата и дава дополнителна сила и ја исполнува со енергија и ентузијазам. Нејзините умствени игри ја одржуваат заинтересирана и ја мотивираат да смислува сè повеќе трикови за да го освои оној што го сака. Најважно е да не им е досадно. Ќе ги полуди со своите умствени игри и верувајте ни, тешко дека ќе успеете да натерате маж да се справи со неа. Оваа дама не знае да губи и често игра многу валкано за да победи.
Водолија
Водолијата е рангирана меѓу најинтелигентните и највештите жени во Зодијакот затоа што е личност која многу размислува, а нејзиниот ум е со километри напред. Умствените игри и се многу лесни, дури би се рекло дека и се скриен кец во ракавот. Ваквите игри и го изоструваат умот, а ако најде маж кој ќе си игра со неа и ќе успее, тогаш ќе остане со него. Многу е лесно да се влезе во таква игра, но мажите често немаат среќа да го направат тоа добро.
Забава
Северина пееше на драг-шоу во Загреб: „Ова покажува дека има поинаква Хрватска“
Северина настапи како гостин изненадување на драг-забавата што се одржа во клубот „Бугалоу“ во Загреб. Кога пејачката се појави на сцената, публиката ја поздрави со вресоци и громогласни песни.
Настапот почна со песната „Бред Пит“.
„Покрај тоа што си најголемата хрватска ѕвезда, ти си и најголемиот човек. Сите го препознаваат тоа, сите го чувствуваат. И затоа сите те сакаат. Ти благодарам што секогаш се бориш за правата на обесправените“, напиша една од обожавателите на Северина на нејзиниот „Инстаграм“.
Во еден момент пејачката им се обрати на присутните.
„Само вистинска држава ги признава сите малцинства. А да беа големи, како што не се, ќе го признаеа. Секогаш кога излегувам на сцената, ме фаќа нервоза, но жал ми е што вие морате да чувствувате трема секојпат кога ќе излезете надвор меѓу луѓето“, рече Северина.
„Ова е забава за луѓето и за оние што се чувствуваат така. Ова покажува дека постои поинаква Хрватска“, додаде таа и доби громогласен аплауз од публиката.