Забава
Најдобри бои за дневната соба: Една треба да ја избегнувате, го нарушува вашето добро расположение
Бојата силно влијае на нашето расположение и чувствата што ги имаме додека сме дома, а една боја не е пожелна во домот бидејќи го нарушува животот и доброто расположение.
Дневната соба е срцето на секој дом, место каде што поминуваме време со семејството и пријателите, се релаксираме и создаваме спомени. Правилното уредување на домот и изборот на бои за овој простор може значително да влијаат на атмосферата и функционалноста на просторот. Еве неколку совети за тоа како да ги изберете боите што најдобро ќе одговараат на вашата дневна соба.
Разбирање на психологијата на боите
Боите имаат силно влијание врз нашето расположение и чувства. Пред да се одлучите за одредени бои, размислете за атмосферата што сакате да ја постигнете.

Сината носи чувство на смиреност и релаксација, па затоа е совршена за создавање мирна средина.
Зелената потсетува на природата и може да донесе свежина и чувство на обнова.
Црвената е енергична и страсна, но треба да се користи умерено бидејќи може да биде многу интензивна. Затоа, подобро е да ја избегнувате.
Неутралните бои како беж, сива или бела обезбедуваат добра основа за комбинирање со други бои и лесно се вклопуваат во различни стилови.
Природна светлина
Светлината игра клучна улога во тоа како боите ќе изгледаат во просторот. Поминете некое време во вашата дневна соба во различни периоди од денот за да видите како боите се менуваат под природна светлина.

Во простории со многу природна светлина, можете да користите потемни или поживи нијанси, додека потемните простори се посоодветни за посветли и потопли бои.
Акцентни ѕидови
Ако не сте сигурни дали да користите интензивни бои на сите ѕидови, размислете за создавање акцентен ѕид. Оваа техника ви овозможува да внесете боја без да го преоптоварите просторот. Изберете ѕид што привлекува внимание, како што е ѕидот зад телевизорот или каминот.
Палета на бои
При изборот на бои, корисно е да креирате палета од три или четири комплементарни нијанси. Ова може да вклучува една доминантна боја за ѕидовите, една или две акцентни бои за детали и неутрална боја за мебелот. Оваа комбинација ќе му помогне на просторот да изгледа хармонично и внимателно.

Изборот на бои за вашата дневна соба може да биде забавен и креативен процес. Со земање предвид на психологијата на боите, осветлувањето, мебелот и функционалноста, можете да создадете пријатна и хармонична атмосфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

