Забава
Најпознатиот мрмот од Пенсилванија открива: пролетта рано ќе пристигне
Најпознатиот мрмот од Пенсилванија, САД, најави дека годинава пролетта рано ќе пристигне.
На секој 2 февруари од 1887 година во Гоблерс Ноб во американската сојузна држава Пенсилванија се собираат луѓе очекувајќи Фил да прогнозира дали ќе има уште зима или доаѓа пролетта. Овој настан доаѓа како резултат на германска легенда, која вели дека ако денот е сончев, Фил ја гледа својата сенка кога излегува, па жителите на Северна Америка очекуваат уште шест недели остра зима. Во спротивно пролетта ќе пристигне порано.
Член на здружението, кое ја практикува оваа традиција на Денот на мрмотот, кој носи специјални ракавици затоа што прогнозерот има долги канџи и остри заби, од рано изутрината го крена мрмотот во воздух и најави дека годинава пролетта рано ќе дојде.
Според записите, кои датираат од 1887 година, овој претскажувач во Пенсилванија предвидел повеќе од 100 пати подолги зими, а годинешната прогноза е една од ретките најави дека пролетта рано ќе пристигне. Според податоците, кои сепак не се сочувани за сите 130 години, мрмотот 103 пати има предвидено дека зимата ќе трае уште, а 18 пати дека бргу ќе заврши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Полицијата ја истражува смртта на Метју Пери, се обидуваат да откријат кој му го дал кетаминот
Актерот Метју Пери почина во октомври минатата година, а неговата смрт е под истрага. Портпаролот на судскиот вештак во Лос Анџелес изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење.
Полициската управа во Лос Анџелес и Управата за борба против дрога ја истражуваат смртта бидејќи сè уште е отворено прашање – кој му дал на Метју кетамин.
Истрагата трае со месеци, а клучните личности од Холивуд се сослушани, изјави извор за TMZ.
Тие рекоа дека на оние на кои им пристапиле инспекторите биле „познати дека имале историја на употреба или злоупотреба на дрога“.
Изворот рече дека интервјуираните „не се нужно вистинските добавувачи на кетамин“, но се верува дека имаат информации што би можеле да доведат до изворот или до лицето кое му дало на актерот кетамин.
Засега никој не е уапсен.
Неговата поранешна девојка Кајти Едвардс пред два месеци побарала полицијата повторно да ја отвори истрагата бидејќи верува дека медицински персонал му давал лекови. Таа вели дека во екот на неговата зависност, актерот имал медицинска сестра која му носела лекови.
Забава
Салма Хајек и нејзиниот сопруг ги привлекоа погледите во Кан
Салма Хајек и оваа година не го пропушти Кан.
Актерката на филмскиот фестивал пристигна со сопругот и францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино, а парот се гушкаше и позираше пред фотографите и не ја симнуваше насмевката од своите лица.
Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино, а по повод нивната годишнина објави досега невидени фотографии од нејзината венчавка во април 2009 година, која се одржа во Венеција.
Забава
Принцот Вилијам за прв пат беше на забава без Кејт
Принцот Вилијам беше домаќин на традиционалната забава одржана во градините на Бакингемската палата овој вторник, а фотографите го фатија во добро расположение.
Вилијам на забавата присуствувал без сопругата Кејт која се опоравува од рак, а на забавата ја задржал насмевката на лицето. Како и Кејт, и кралот Чарлс се лекува од рак и не присуствуваше на забавата.
Кејт последен пат беше видена во јавноста минатиот Божиќ, а нејзиното ненадејно исчезнување од јавноста, како и тајноста околу нејзината здравствена состојба, ја вознемири јавноста.
Во март таа објави дека има рак, а оттогаш принцот Вилијам сам ги извршува кралските должности.