Забава
Најпосетената плажа во светот – 40 000 луѓе на 500 метри
Доколку некогаш сте помислиле дека сте се нашле во најголемиот метеж на плажа, тогаш веројатно не сте биле во североисточна Кина, поточно на плажата Фуџијаџуанг во градот Далијан, каде што посетителите ги очекува вистински метеж од летувачи.
„Дoколку страдате од очни или кожни заболувања, дијареа или други состојби, ве молиме не пливајте пред да се консултирате со лекар. Не плукајте во водата, посебно ве молиме да не фрлатe догорчиња на плажата“, континуирано повторува женски глас на мегафон.
Во летниот период околу 40 000 луѓе дневно ја посетуваат оваа плажа, која се протега во должина од само 500 метри. Во секој друг дел од светот ова би било смртоносно, но на оваа плажа владее мир и разладувањето функционира беспрекорно.
Иако Фуџијаџуанг официјално се нарекува парк, всушност е плажа во која се влегува низ огромна капија во форма на школка. Нема гласна музика и нема играње одбојка на песокот затоа што нема место за тоа, а камоли за некои водени спортови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

