Забава
Најскромните хороскопски знаци: тие се комплетно demure
За многу луѓе, поголемиот дел од 2024 година беше време полно со патувања, напнатост, позитивни и танцувачки вибрации. Неуредната и дива детска енергија што ја отелотвори првата половина на 2024 година ќе биде заменета со нов тренд што може да се сумира во еден збор: demure (на грчки, плашлив).
Благодарение на креаторката на содржината @joolieannie, Џолс Леброн, да се биде „многу скромен, многу внимателен“ е атмосфера кон која треба да се стремиме – и бидејќи едно од нејзините видеа на TikTok стана вирално на почетокот на август, толкувањата на луѓето за тоа што значи да се живее слатко и скромно станаа се централното прашање на интернет.
Но, преправањето дека сте скромни на TikTok е една работа. Друга работа е да се живее според таа филозофија самостојно, и можно е астрологијата да влијае на тоа колку сте поврзани со тој концепт.
Што навистина значи demure?
Речникот на Оксфорд го дефинира „demure“ како „резервирано, скромно и срамежливо (обично се користи за жени)“. И додека Леброн го користи зборот на TikTok секако ја опфаќа класичната дефиниција, таа доби и покомичен и забавен тон на интернет. Се разбира, само вашиот роденден нема да диктира дали ќе имате вродено скромно однесување или не. Но, дефинитивно има некои знаци кои архетипски се наклонети кон поплашлив и скромен начин на живот.
Најскромни хороскопски знаци
Рак
Под владеење на плашливата Месечина, тие се сметаат за еден од најљубезните знаци. Затоа, сосема е природно што многу од нив одговараат на дефиницијата за скромна животна филозофија. Тие се генерално скромни луѓе, бидејќи се стремат кон потопла и недооценета естетика и ретко чувствуваат потреба да се истакнат. Исто како што Месечината расте, опаѓа или понекогаш целосно исчезнува на небото, Раковите честопати можат да бидат срамежливи и премногу внимание може да направи да се чувствуваат непријатно.
Тие се водени од нивните емоции, па се прилично чувствителни на туѓите чувства и лесно можат да фатат суптилни постапки. Тоа што се вооружени со оваа емотивна информација ги прави многу внимателни и тактични и можат да се потрудат да бидат љубезни без никој да ги забележи нивните напори.
Девица
Знакот Девица се смета за еден од најскромните членови на зодијакот. На оние кои му припаѓаат не им треба многу внимание и претпочитаат да избираат потивки текови, а не светкав или наметлив живот. Како еден од целосно природните земјени знаци, тие исто така можат да бидат прилично срамежливи и воздржани – претпочитаат учтиво да набљудуваат наместо да бидат фатени среде каква било драма.
Како еден од знаците со кои владее интелектуалната планета Меркур, Девиците имаат тенденција да бидат крајно внимателни и претпазливи, па срамежливоста е втора природа за нив. Тие обично се добро воспитани и многу чувствителни на потребите на луѓето. Служењето на другите е вистински љубовен јазик на Девицата, се додека тие точно го следат она што им се кажува.
Вага
Вагите се воздушни знаци кои имаат тенденција да бидат дружељубиви и друштвени, што не одговара баш со дефиницијата за скромна, или „срамежлива и воздржана“. Но, модерната колоквијална употреба на зборот е малку повеќе нијансирана, така што дефиницијата за скромен сега „се применува и за оние чија скромност и резерва се повеќе вештина отколку вистински израз“. Со други зборови, да се биде скромен денес не значи да се биде инхерентно скромен колку да се има пристојност и социјална благодат да се знае како и кога да се однесува на таков начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За „Југославија“ пишуваат и германските медиуми – песната за која деновиве се зборува
„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена.
Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за песна која уште во најавата на натпреварот отвори расправи и ја подели јавноста поради самата референца на поранешната државна заедница – Југославија.
Во Србија на социјалните мрежи и во коментарите се појавија бројни критики и реакции, бидејќи некои сметаат дека поимот „Југославија“ има политичко значење што не е соодветно за музички натпреварувачки формат како Евросонг.
Пејачката која ја изведува песната, Зејна, позната и како кума на белградската Парада на гордоста, им одговори на своите поддржувачи дека пораката на песната носи универзална порака за единство, мир и љубов и дека насловот не значи враќање на историски политички концепти, туку симболизира надеж и заедништво меѓу луѓето без оглед на нивните национални или етнички разлики, пренесе „Н1“.
Поради оваа песна, на почетокот на месецот на мрежата „Икс“ се огласи профилот „Евровизија Косово“, обвинувајќи ја Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“. Се тврди дека песната ја „глорифицира“ Југославија и дека Европската радиодифузна унија нема да ја прифати доколку Белград ја испрати на натпреварувањето. „Франкфуртер Рундшау“ потсетува дека Косово не е членка на Европската радиодифузна унија и дека не е јасно кој стои зад овој профил. Сепак, пораката предизвика внимание во Србија и во другите поранешни југословенски републики.
Весникот потсетувадека Југославија постоела како кралство и како социјалистичка федерација, која се распаднала во крвавата војна, а на крајот станала унија на Србија и Црна Гора.
„Во оценката на Југославија до ден-денес се разликуваат мислењата во сите седум држави наследнички“, пишува авторот во текстот. Како што се наведува, критичарите му замеруваат на раководството на поранешна Југославија авторитарност и потчинување на народите. „Некои постари луѓе, пак, се потсетуваат на релативно безгрижен заеднички живот во мултиетничка земја без граници“, пишува германскиот весник.
Песната „Југославија“ може да биде предмет на проверка од страна на Европската радиодифузна унија само доколку навистина биде избрана за финалното натпреварување.
Критиките од Косово, наведува Дојче Веле, значително ги зголемиле нејзините шанси – „Југославија“ има најмногу прегледи на Јутјуб од сите кандидати.
За некои критичари, споменувањето на името Југославија во контекст на Евросонг буди сеќавања на минатите политички и воени конфликти на Балканот, додека други сметаат дека песната може да има поширока симболична порака што ги надминува политичките контексти.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.

