Забава
Најстарата брачна двојка според Гинис

Јапонија е позната по голем број стогодишници, а од неодамна има уште еден рекорд во таа земја, овој пат тоа е брачната двојка која слави 80 години брак и заедно имаат 208 години. Мијако тврди дека за тоа е заслужна таа, односно нејзината – трпеливост.
Масао Мацумото (108) и неговата сопруга Мијако (100), исто така, официјално, според Гинисовата книга на рекорди, се најстарата брачна двојка во светот. Тие се венчале во октомври 1937 година.
Тие никогаш не успеала да ја реализираат свадбената церемонија имајќи предвид дека Јапонија се подготвувала за војна во тоа време, а Масао бил испратен во армијата, но тоа не ги спречило да формираат големо семејство. Имаат дваесет и пет внуци, а последниот внук е роден во август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бред Пит се бори со нарушување што му го отежнува животот: „Луѓето не ми веруваат“

Бред Пит признал дека се срами затоа што не може да ги препознае лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот.
Иако можеби мислите дека животот на славна личност како него е исполнет само со убави моменти, 61-годишниот актер тврди дека се бори со ретка состојба која јавноста не ја разбира целосно.
Актерот изјавил дека му ја отежнало дружбата со луѓето поради начинот на кој тие реагираат кога тој не ги препознава.
Пит претходно откри дека справувањето со нарушување наречено просопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и погрешно разбран.
Наједноставно кажано, прозопагнозијата е слепило за лица. Поединците со оваа состојба не можат да разликуваат дали претходно виделе лице и кому му припаѓа, па затоа се потпираат на нивната фризура, глас, држење или облека за да ги препознаат луѓето што ги среќаваат. Во најтешката форма на прозопагнозија, луѓето не го препознаваат сопственото лице во огледалото.
Досегашните истражувања не покажуваат ветувачки наоди во врска со третманот на прозопагнозија со тренинг за препознавање лице, но еден начин да им се помогне на овие лица е да се укаже на можноста за користење на други карактеристики како висина, градба, облека, накит или глас за да се препознаат луѓето со кои се среќаваат и да се практикува оваа стратегија.
Бред Пит рекол дека луѓето не веруваат дека тој боледува од ова нарушување, што му го отежнува животот. Во интервју за Esquire, тој изјави: „Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Често ми велат дека сум егоист и вообразен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да препознаам лица“.
Тој исто така призна дека не добил официјална дијагноза, но експертите рекоа дека покажува некои од знаците. Зборувајќи во 2013 година, Пит дури и призна дека се обидел со проактивен пристап една година каде едноставно ги прашувал луѓето каде се сретнале, но тоа не поминало баш најдобро.
„Во еден момент решив отворено да ги прашам каде се запознавме. Но, тоа само се влоши. Луѓето беа уште повеќе навредени“, рече тој. Тој исто така се пожали дека не сака да остави негативен впечаток или да создаде репутација дека е самобендисан или резервиран и дека едноставно сака да биде подобро разбран во јавноста.
Забава
(Видео) Ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица без да знае која е таа: „ѝ го сруши егото за две минути“

Тиктокерот Кан стана вирален откако ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица, а она што најмногу привлече внимание не беше само средбата со познатата пејачка и актерка, туку тоа што не ја препозна.
Додека поминувал покрај неа, инфлуенсерот спонтано и упатил комплименти за нејзиниот стил на облекување, а потоа ја запрел и ја прашал што работи. Таа за момент се изненадила пред да одговори дека е пејачка. Секако, корисниците на „Тик-ток“ забележале како Џенифер била целосно збунета од ситуацијата.
Сите детали од таа средба беа објавени во видео кое е прегледано речиси 10 милиони пати, а тиктокерот и постави уште неколку прашања на Џенифер Лопез. Освен што ја прашал што работи за живот, тој ја прашал и како се вика, што ѕвездата уште повеќе ја изненади.
@hikhann_ What do you do for a living? #foryoupage #whatdoyoudoforaliving #viralvideo #clout #foryourepage #viral #fyp #foryou #tiktok ♬ original sound – Khan
Инфлуенсерот потоа ја праша Џенифер што сака во нејзината работа, а таа одговори дека сака се во врска со тоа. Интервјуто не заврши тука – следното прашање беше што ја мотивираше да го избере овој пат во кариерата, на што Лопез одговори: „Тоа е само нешто што морав да го направам“. Потоа ја допреа темата самодоверба, а Џеј Ло го сподели својот совет.
На крајот од интервјуто, тиктокерот ја праша Џенифер кој е најдобриот совет што го добила, а таа откри дека нејзината мајка и рекла: „Работи напорно и биди добра личност“.
На многумина им беше смешно што во еден момент покрај нив поминаа девојки и почнаа да ја викаат, а таа со насмевка ги поздравуваше. Ниту во тој момент тиктокерот не претпоставуваше дека е голема ѕвезда.
Во коментарите под видеото се крена голема дебата – едни напишаа дека е очигледно дека само се преправа и има намера да ја испровоцира, а други излегоа во негова одбрана. „Можеби човекот навистина не знае која е таа“, напиша некој.
„Овој тип го тестира нејзиното трпение. Навистина многу се трудеше да биде учтива“, „Беше изненадена, но сепак го продолжи разговорот“, „Нејзиниот говор на телото вели дека е многу навредена“, „Тој ѝ го сруши егото за две минути“, „Ова е најдоброто нешто што сум го гледал во изминатиов период“, беа коментарите.
Забава
(Видео) Кејт Мидлтон за ракот и стресот: „Ми помага тоа што сум во природа“

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откога минатата година ѝ беше дијагностициран рак. На јутјуб-каналот на Кејт и Вилијам, како и на „Инстаграм“, објавено е кратко видео, на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во многу зафатен свет“.
View this post on Instagram
Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа ѝ е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.
Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој ѝ беше дијагностициран минатата година, е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој кому му е дијагностициран рак, потребно е време да се приспособи на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на „Инстаграм“.