Забава
Најстарата мачка на светот има 26 години

Флоси официјално е прогласена за најстара жива мачка во светот.
Флоси (26), родена во Британија, постави нов рекорд како најстара жива мачка.
Гинисовата книга на рекорди официјално ѝ ја додели титулата на мачката родена во 1995 година.
Во текот на својот живот Флоси имала повеќе сопственици, а моментно живее во југоисточен Лондон.
Нејзината нова сопственичка вели дека е во одлична форма за своите поодминати години.
„Таа е толку нежна и разиграна, особено слатка кога ќе се сетите колку години има. Неизмерно сум горда што Cats Protection ме поврза со оваа неверојатна мачка“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Шпанската кралица повторно ги диктира трендовите

Кралицата Летиција дефинитивно е друго име за бескрајна инспирација и вечна елеганција, без разлика што носи.
Таа ја користи секоја можност да изненади со внимателно одбрани модни парчиња и секогаш е меѓу првите што го диктира стилот.
Веќе е познато дека секој пат кога се појавува, воодушевува, а неодамна, со неколку модели на пролетни фустани, направи вистинска возбуда во светот на модата.
Овој пат, убавата кралица покажа дека подеднакво добро може да носи тесни, елегантни одела, како и лабави, преголеми кои се сè почести денес.
На еден настан во Мадрид, Летиција прошета во сиво oversized одело, под кое носеше едноставна бела блуза.
Ширококото дворедно сако ѝ даде на шпанската кралица допир на елеганција и софистицираност, додека широките панталони со изразен раб го надополнија целиот изглед и повторно ја поставија Летиција на модниот трон.
Едноставни обетки и прстен беа изборот на кралицата, која и овој пат не сакаше да претерува со деталите, а успеа на свој уникатен начин да покаже како преголемите парчиња облека можат да бидат совршено женствени.
Забава
(Фото) Кинеска актерка го украде шоуто во Кан, го прекрши дрес кодот

Кинеската актерка и инфлуенсерка Ван Кианхуи го украде шоуто на отворањето на Канскиот филмски фестивал со необична облека што го прекрши новиот дрес-код на фестивалот.
За време на церемонијата на отворањето, нејзиниот екстравагантен бел фустан привлече поголемо медиумско внимание отколку настапите на етаблираните ѕвезди. Имено, таа се појави во огромен бел фустан кој наликуваше на облак. Косата ја врза во пунџа, а комбинацијата ја комплетираше со сребрени обетки.
Сепак, нејзиното впечатливо издание всушност е спротивно на кодексот на облекување. Имено, во пресрет на официјалното отворање на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучија да воведат ново правило, според кое е забрането носење „фустани со волумен или фустани со набори“.
Организаторите воведоа кодекс на облекување со кој се забрануваат фустани што го попречуваат правилниот проток на гости и го комплицираат седењето во киното, што го прекрши актерката, инаку позната по своите екстравагантни изданија.
Забава
(Видео) Се споделува снимка од Ана Брнабиќ каде што зборува на англиски јазик: „Чита англиски напишан на кирилица“

На социјалните мрежи се прошири снимка од претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, како држи говор на англиски јазик.
Видеото стана хит, особено поради фактот што, според нејзината официјална биографија, српската политичарка дипломирала бизнис администрација на Универзитетот Нортвуд во Мичиген, по што стекнала и магистратура по маркетинг на Универзитетот Хал во Обединетото Кралство.
На ком је језику Ана Брнабић наводно завршила неки факултет у САД-у јер на овом који прича сигурно није ❓🤡 pic.twitter.com/aQ0Z0MA5UV
— Слободан Илић (@slobodanilic78) May 13, 2025
„На кој јазик наводно дипломирала на колеџ во САД, бидејќи сигурно не го зборувала јазикот што го зборува?“, пишува покрај видеото, кое насмеа многумина, а имаше и неколку интересни коментари.
„Оваа чита англиски напишан на кирилица од парче хартија“, „Мислам дека подобро го разбирам клингонскиот“, „Како зборува, така и го завршила“, „Со оглед на тоа како зборува англиски, нејзиниот српски воопшто не е лош“ и „Треба да молчи на сите јазици“, се некои од коментарите.