Забава
Најубаво облечени дами на црвениот тепих на САГ-наградите

Холивудската А-листа ја почна сезоната на награди во спектакуларен стил во Лос Анџелес во неделата вечерта на доделувањето признанија од страна на Здружението на актерите (САГ).
А според американските шоу-биз медиуми, најдобро облечените ѕвезди – Лејди Гага, Селма Хајек, Кери Вашингтон и Кејт Бланшет – одржаа блескава парада на црвениот тепих додека се собираа да го прослават најдоброто од филмот и телевизијата.
Церемонијата се одржа во Barker Hangar во Санта Моника, Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Објавен датумот на погребот и комеморацијата за Саша Поповиќ

Гранд продукција објави дека погребот и комеморацијата за продуцентот Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток на 6 март.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека во четврток, на 6 март, во 10 часот, во главната конгресна сала на Центарот Сава ќе се одржи комеморација на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Истиот ден во 12:00 часот семејството ќе прима сочувство на Бежаниските гробишта во црквата Свети апостол Тома каде во 13:45 часот ќе се одржи миса. Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути“, пишува Гранд продукција.
Саша Поповиќ беше еден од најмоќните луѓе во српската естрада. Најмногу е познат преку неговата работа како продуцент, телевизиски водител и поранешен музичар. Почина на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Забава
(Видео) Актерот беше прашан зошто гледал во телефонот на Оскарите, неговиот одговор е тотален хит

Актерот Џеф Голдблум стана вирален откако беше снимен како гледа во телефонот пред да започнат Оскарите, а работите да бидат уште полоши – тој бараше фотографии од црвениот тепих.
Актерот и неговата сопруга Емили Ливингстон го поддржаа филмот Wicked, во кој тој глуми, на Оскарите. Фотографиите од него пред да започне доделувањето на наградите насмеаа многумина. По церемонијата, Голдблум беше прашан за коментар во врска со виралните реакции на неговите фотографии, а неговиот одговор стана хит.
Jeff Goldblum reacts to getting caught looking at his own red carpet photos. 🤣
(📷: Carlos Barria/Reuters) pic.twitter.com/1ra1oC7lxE
— Entertainment Tonight (@etnow) March 3, 2025
„О, Боже, види го тоа, дај да видам!“, рече додека репортер на Ројтерс му ја покажа фотографијата, а неговата сопруга веднаш излезе во негова одбрана.
„Не, всушност, стигнавме на нашите места еден час порано. Што би правеле вие додека се обидувате да го убиете времето?“, праша таа додека Голдблум се слуша во позадина како вели: „Ова е смешно. Леле. Фатен сум“. Новинарот додал дека веројатно и тој би го направил истото, на што Голдблум на шега праша: „Каде има повеќе фотографии од мене, тоа е моето прашање“.
Забава
(Видео) Американската актерка доби овации на Оскарите за поддршката на Украина

Американската актерка Дерил Хана (64) изрази поддршка за Украина за време на Оскарите. Актерката излезе на сцената за да ја додели наградата за категоријата Достигнувања во филмска монтажа.
„Слава на Украина“, рече актерката и подигна два прста во знак на мир, а нејзината кратка порака ги воодушеви присутните која беше пропратена со стоечки овации од публиката и громогласен аплауз.
Ова не е првпат Дерил Хана да ја поддржува Украина. Набргу откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, таа напиша: „Ние стоиме со вас и со сите жртви на бруталните диктатори и бесмислените војни“.