Забава
На Американец му се закануваат 12 години затвор поради кражба во износ од 40 долари
На маж од САД му се закануваат 12 години затвор за кражба од 40 долари. Кертис Лоусон на 26 декември 2016 година дошол во продавница на „Волмарт“, во Тенеси, на југот од Америка. Со него имал сметка во вредност од 39,57 долари од претходно пазарење во текот на месецот, но работите за него тргнале во непосакувана насока.
Имено, Американецот во кошницата ги имал истите производи што ги купил и претходно – детергент за миење садови, паста за заби и женски фармерки. Тој сакал да ги врати со прикажување на сметката и назад да добие 39,57 долари. Меѓутоа, Лоусон всушност се обидел да ги измами продавачите дека враќа веќе купени производи, што не ги ни купил, пренесува британски „Гардијан“.
Неговата измама била регистрирана благодарение на надзорните камери, па тој веднаш бил фатен и пријавен по што признал сè.
Потоа бил приведен во полиција и ставен во затвор со кауција поставена на 2 500 долари, а поради ваквиот обид за кражба може да се соочи со затворска казна од 12 години. Лоусон веќе ѝ е познат на полицијата за сообраќајни прекршоци, консумирање опијати и кражби.
Во Тенеси, како и во многу други сојузни американски држави, кражбата под 1 000 долари се карактеризира како прекршок, но во последниве години окружното обвинителство ги гони измамниците како Лоусон под статут легално дефиниран како „незаконско и свесно влегување во објект без согласност на сопственикот и вршење кражба“.
Интересно, Лоусон бил уапсен пред четири години за крадење градници од други продавници на „Волмарт“ и тогаш му бил забранет пристапот во сите продавници од овој трговски синџир, што значи дека по тоа немал дозвола да стапне во кое било вакво продажно место. Во моментов, Американецот сé уште чека сослушување и пресуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астролозите откриваат: најнезгодните свекрви се раѓаат во три хороскопски знаци
Понекогаш зад семејните тензии не стои само различноста во ставовите, туку и – хороскопот. Според астролозите, некои знаци едноставно имаат карактер што тешко се носи со улогата на свекрва. Тие имаат силна потреба за контрола, тешко прифаќаат поинаков начин на живот и често сметаат дека „знаат најдобро“.
Најпредизвикувачки свекрви, според хороскопот, најчесто се родени во знаците Девица, Шкорпија и Јарец.
Девиците се перфекционисти кои тешко се опуштаат и бараат сè да биде по нивно, дури и кога имаат најдобри намери.
Шкорпиите се интензивни, љубоморни и сакаат контрола; ако почувствуваат дека губат влијание – стануваат пасивно-агресивни.
Јарците се авторитетни, традиционални и очекуваат ред и дисциплина – а нивните критики често знаат да бидат незгодни,
Иако сите се грижат од љубов, нивниот начин знае да биде предизвик и за најстрпливите снаи.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.

