Забава
На Анџелина Џоли најважни ѝ се децата
Анџелина Џоли проговори за нејзиниот развод од Бред Пит во 2016 година, откривајќи дека одлуката да се разделат била за благосостојба на нивните шест деца.
Во интервју за „Вог Индија“, ѕвездата на Mr. & Mrs. Smith конечно се отвори за вистинската причина на разделбата по две години брак. Таа тврди дека најважна ѝ била благосостојбата на шесте деца – Медокс (18), Пакс (16), Захара (15), Шилох (14) и 11-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
„Се разделив за благосостојба на моето семејство“, рече таа. „Тоа беше вистинската одлука. Јас продолжувам да се фокусирам на нивното заздравување.“
Таа, исто така, го објасни нејзиното молчење по разделбата, и нагласи дека шпекулациите за односите помеѓу неа и Пит лошо влијаеле врз нивните деца.

„Некои го искористија моето молчење, а децата гледаат лаги за себе во медиумите, но јас ги потсетувам дека тие ја знаат својата вистина“, додаде таа. „Всушност, тие се шест многу храбри, многу силни млади луѓе“.
Џоли сподели искуства од растењето на посвоените Медокс, Пакс и Захара, прифаќајќи го нивните различно потекло. „Со моите посвоени деца не можам да зборувам за бременоста, но зборувам со многу детали и љубов за патувањето за да ги пронајдам, и за тоа како се чувствував кога првпат погледнав во нивните очи.“
„Сите посвоени деца доаѓаат со прекрасна мистерија на еден свет што се среќава со вашиот свет. Кога тие се од друга раса или странска земја, таа мистерија, тој подарок е толку голем. Tие никогаш не смеат да заборават од каде потекнуваат. Тие имаат свои корени. Почитувајте ги. Учете од нив. ”
Џоли потсети дека Медокс и Пакс биле посвоени од Камбоџа и Виетнам, и дека овие две земји некогаш биле во војна. Таа е благодарна што ги има и двајцата во нејзиниот живот.
„Првично размислував да не посвојувам од Виетнам затоа што Мед беше од Камбоџа, а двете држави имаат сложена историја“, се сеќава Џоли. „Тогаш читав книга за човекови права и наидов на слика на виетнамски борец заробен од Американци. Мислев на мојата сопствена земја и нашата инволвираност во југоисточна Азија“.

„Размислував за иднина во која сите ќе бидеме семејство. Јас сум благословена што ми беше дозволено да бидам нивна мајка. Благодарна сум секој ден”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Андријана Јаневска: Публиката во „Лисински“ во Загреб заедно со мене ги пееше „Зајди, зајди“ и „Јовано, Јованке“
Македонската пејачка Андријана Јаневска извести дека настапила во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб на јубилејниот 20-ти концерт „Севдах во Лисински“.
„На барање на организаторот ја изведов легендарната „Зајди, зајди јасно сонце“, како и „Јовано, Јованке“ и „Македонско девојче“ во придружба на оркестар составен од 11 врвни музичари од Босна и Херцеговина.
Посебен момент на гордост како единствена Македонка на сцената почувствував кога публиката заедно со мене ги пееше македонските народни песни“, вели Јаневска.
Забава
Еден знак ќе добие купишта пари до крајот на ноември: среќата секогаш ги следи
Само еден хороскопски знак одеднаш добива голема сума пари и го чека неверојатен пресврт на судбината, велат астролозите.
Астролозите истакнуваат дека Бикот ќе биде еден од најсреќните хороскопски знаци до крајот на ноември. Среќата им доаѓа неочекувано, а тие имаат најголем потенцијал за големи пари околу полната месечина (5 ноември) и последната недела од ноември.
Бик – парите секогаш доаѓаат кога им се потребни
Биковите се познати по својата смиреност и способност да останат стабилни кога другите го губат тлото под нозете. Нивниот практичен пристап и чувството за профитабилни можности им носат пари во вистинско време. Иако не веруваат слепо во среќата, таа често се чини дека ги следи.
Периодот што претстои им носи стабилност, нови можности и внатрешен мир. Додека претходните месеци беа обележани со предизвици и преиспитувања за многу Бикови, ноември им носи награда за трпение и упорност.
Имено, позицијата на ѕвездите до крајот на ноември 2025 година укажува дека Бикот има најголема шанса да се збогати на игри на среќа.
Астролошки, Бикот најмногу се издвојува до крајот на ноември како знак со најголема шанса за добивка на игри на среќа.
Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, е во Рак и прави поволни аспекти со Сатурн и Марс, што носи ненадејни пресврти и непредвидени добивки. Оваа комбинација му дава можност на Бикот да доживее ненадеен финансиски пресврт во своја корист токму кога сè изгледа мирно.
Среќата им доаѓа неочекувано, а тие имаат најголем потенцијал за „вреќа со пари“ околу полната месечина (5 ноември) и последната недела од ноември.
Ако Бикот го послуша својот внатрешен глас и одигра број или комбинација што му се појавува сама по себе, може да очекува неверојатен пресврт на судбината и голема количина пари во паричникот.
фото: принтскрин
Забава
Едноставна комбинација ги решава наслојките од маснотии и го враќа протокот на вода во мијалникот
Замислете ја оваа ситуација што веројатно веќе сте ја доживеале – миете куп садови, водата во мијалникот едноставно престанува да тече, а одводот почнува да испушта чуден звук. О, не, затнат одвод! Како да го поправите тоа, без да ги повторувате процедурите што вклучуваат сода бикарбона и оцет?
Главната причина зошто одводите се затнати е тоа што остатоци од храна, детергент и маснотии влегуваат во цевките секој ден и на крајот ги затнуваат.
Газираната комбинација од сода бикарбона и оцет е неефикасна во борбата против маснотиите во затнатите одводи. Ова е затоа што сода бикарбоната е база, оцетот е киселина, а нивната хемиска реакција произведува вода со мала количина сол во неа, а не средство за чистење одводи. Оцетот и сода бикарбоната се многу популарни состојки кога станува збор за чистење без хемикалии, но иако се одлични за отстранување дамки, тие не може да ја разградат маснотијата или маслото што ги затнува одводите.
И оцетот и сода бикарбоната мож да го исчистат одводот, но нема да го раствори затнувањето, а премногу сода бикарбона во одводот може да ја влоши состојбата.
Сè што ви треба е мешавина од течност за миење садови и врела вода. Детергентот е дизајниран да ги разградува маснотиите и маслото, па затоа бргу ќе ги раствори мастите, а топлината од топлата вода ќе помогне да се олабават наслојките во цевките.
Како да ја направите смесата?
Сварете помеѓу половина литар и еден литар вода, во зависност од големината на вашиот одвод, а потоа додадете околу 120 мл течност за миење садови. Оставете го детергентот да отстои во водата неколку минути, а потоа внимателно истурете ја топлата смеса во одводот и почекајте уште неколку минути за да се исцеди низ цевките.
Набргу ќе забележите дека водата почнува да се исцедува сè побрзо и побрзо оставајќи го вашиот мијалник чист и функционален. Ако водата сè уште бавно се исцедува, повторете го процесот уште неколкупати.
фото: принтскрин

