Забава
На Гордон Ремзи му бил потребен простор за дишење
Бидејќи рестораните сè уште се затворени во Велика Британија, Гордон Рeмзи има добра причина да биде во едно од неговите добро познати лоши расположенија.
Но, додека целосното затворање продолжува да има разорно влијание врз угостителскиот сектор, славниот готвач и ТВ-личност успеа да пронајде начин да продолжи со својата работа.
„Не сум ги пропуштил критичарите за храна! Но, никогаш не сомневајте се, тие хејтериќе се вратат“, се пошегува тој.
Како и повеќето сопственици на ресторани, и Рeмзи имаше тешка година. Неговата групација „Гордон Ремзи ресторани“ работи со 35 ресторани во светот. Повеќето од нив остануваат затворени вклучувајќи 18 во Велика Британија.
Направени се напори за помош на рестораните уште од почетокот на пандемијата со шеми, како Eat Out To Help Out, и привремена забрана за сопствениците на локали да ги иселуваат деловните субјекти што заостануваат со плаќање кирија. Но, многумина сè уште очајно се борат.

„Владата е супер поддржувачка и неверојатно загрижена од аспект на изнајмувачите, се чини дека можеме да земеме здив, што е добро“, признава Рамзи.
„Но, помислете на притисокот“, продолжува тој. „Моравме да откажеме 22.472 резервации во текот на декември и тоа е месец на славење, што нè води кон првиот слаб дел од годината, јануари и февруари, кога сите се на диета и стануваат вегани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дали знаевте дека во Европа постои село на Штрумфовите? Сè е сино!
Фото: Селото Júzcar, скриено во срцето на Андалузија, Шпанија, со своите сини куќи и ѕидни мурали инспирирани од Штрумфовите, стана една од најнеобичните европски атракции.
Во срцето на Андалузија, во Шпанија, се наоѓа необично место – селото Хускар (Júzcar), познато како „селото на Штрумфовите“, каде што сите куќи се обоени во сино.
До 2011 година, Хускар бил обично бело андалузиско село, сè додека продукциската куќа „Сони“ не го избрала за промоција на анимираниот филм Штрумфови, целосно обоивши го во препознатливата сина боја.
View this post on Instagram
По завршувањето на кампањата, куќите требало повторно да се вратат во бело, но мештаните одлучиле да ја задржат сината боја, откако туристите почнале масовно да пристигнуваат. Денес, селото е познат туристички бисер – украсено со мурали од Штрумфета, Папа Штрумф и Гаргамел, големи скулптури од печурки и патеки за прошетки меѓу зелените планини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Хускар, кој некогаш бил индустриско село, денес живее од туризмот и гордо го носи прекарот – „најсинoто село во светот“.
View this post on Instagram
Забава
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“: Не сум била под нож, да се биде жена е тешко, стареењето е тешко
Холивудската ѕвезда Тери Хачер, позната по серијата Очајни домаќинки, во ново интервју изјави дека никогаш не се подложила на естетска операција, иако призна дека не ја исклучува можноста во иднина.
Во подкастот „Д Скини Конфиденшл Хим енд Хер Шоу“ таа истакна дека ѝ пречи неискреноста на познатите жени кои тврдат дека не направиле ништо, а очигледно имаат естетски зафати.
„Кога славните лажат, сите други се чувствуваме лошо“, рече актерката, додавајќи: „Да се биде жена е тешко, стареењето е тешко.“
Хачер објасни дека нејзиното решение за стареењето е „внатрешна работа – интелектуална и емоционална“, а не пластична хирургија.
Таа се осврна и на двојните стандарди во Холивуд: „Светот е поблаг кон стареењето на мажите. Тие и на 70 изгледаат како ’најсексапилни живи луѓе‘, а жените постојано се под лупа.“
Забава
Астролозите откриваат: најнезгодните свекрви се раѓаат во три хороскопски знаци
Понекогаш зад семејните тензии не стои само различноста во ставовите, туку и – хороскопот. Според астролозите, некои знаци едноставно имаат карактер што тешко се носи со улогата на свекрва. Тие имаат силна потреба за контрола, тешко прифаќаат поинаков начин на живот и често сметаат дека „знаат најдобро“.
Најпредизвикувачки свекрви, според хороскопот, најчесто се родени во знаците Девица, Шкорпија и Јарец.
Девиците се перфекционисти кои тешко се опуштаат и бараат сè да биде по нивно, дури и кога имаат најдобри намери.
Шкорпиите се интензивни, љубоморни и сакаат контрола; ако почувствуваат дека губат влијание – стануваат пасивно-агресивни.
Јарците се авторитетни, традиционални и очекуваат ред и дисциплина – а нивните критики често знаат да бидат незгодни,
Иако сите се грижат од љубов, нивниот начин знае да биде предизвик и за најстрпливите снаи.

