Забава
На интернет се проширија фотографии од рацете на Анџелина Џоли, фановите загрижени за нејзиното здравје

Актерката Анџелина Џоли се прошета на црвениот тепих на 81-от филмски фестивал во Венеција минатата недела. Таа беше на премиерата на нејзиниот нов филм Марија, кој ја раскажува приказната за оперската пејачка Марија Калас.
Џоли на премиерата блесна во долг беж фустан, но еден детаљ ги загрижи нејзините обожаватели. Тие се фокусираа на нејзините раце.
Истакнатите вени ги вознемирија обожавателите, кои сега се исплашени за нејзиното здравје и разговараат за тоа на Интернет.
„Одамна не изгледа здраво. Изгледа неухрането и изгладнето”, „Нешто не е во ред со рацете и е премногу слаба“, „Изгледа како дух“, „Убава е, но што е со вените“, „Дали јас сум единствениот што гледа вени?“, „Само зјапам во нејзините раце“, се дел од коментарите под фотографиите објавени на социјалните мрежи.
Други, пак, застанаа во одбрана на актерката и истакнаа дека тоа е едноставно знак на стареење и е сосема нормално. На оваа тема неодамна проговори извор за магазинот In Touch.
„Енџи е свесна дека е премногу слаба. Знае дека ако носи фустан кој е премногу откривачки, сите ќе зборуваат за неа и така предизвикува луѓето да коментираат за нејзината тежина“, рекол изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кинеска актерка го украде шоуто во Кан, го прекрши дрес кодот

Кинеската актерка и инфлуенсерка Ван Кианхуи го украде шоуто на отворањето на Канскиот филмски фестивал со необична облека што го прекрши новиот дрес-код на фестивалот.
За време на церемонијата на отворањето, нејзиниот екстравагантен бел фустан привлече поголемо медиумско внимание отколку настапите на етаблираните ѕвезди. Имено, таа се појави во огромен бел фустан кој наликуваше на облак. Косата ја врза во пунџа, а комбинацијата ја комплетираше со сребрени обетки.
Сепак, нејзиното впечатливо издание всушност е спротивно на кодексот на облекување. Имено, во пресрет на официјалното отворање на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучија да воведат ново правило, според кое е забрането носење „фустани со волумен или фустани со набори“.
Организаторите воведоа кодекс на облекување со кој се забрануваат фустани што го попречуваат правилниот проток на гости и го комплицираат седењето во киното, што го прекрши актерката, инаку позната по своите екстравагантни изданија.
Забава
(Видео) Се споделува снимка од Ана Брнабиќ каде што зборува на англиски јазик: „Чита англиски напишан на кирилица“

На социјалните мрежи се прошири снимка од претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, како држи говор на англиски јазик.
Видеото стана хит, особено поради фактот што, според нејзината официјална биографија, српската политичарка дипломирала бизнис администрација на Универзитетот Нортвуд во Мичиген, по што стекнала и магистратура по маркетинг на Универзитетот Хал во Обединетото Кралство.
На ком је језику Ана Брнабић наводно завршила неки факултет у САД-у јер на овом који прича сигурно није ❓🤡 pic.twitter.com/aQ0Z0MA5UV
— Слободан Илић (@slobodanilic78) May 13, 2025
„На кој јазик наводно дипломирала на колеџ во САД, бидејќи сигурно не го зборувала јазикот што го зборува?“, пишува покрај видеото, кое насмеа многумина, а имаше и неколку интересни коментари.
„Оваа чита англиски напишан на кирилица од парче хартија“, „Мислам дека подобро го разбирам клингонскиот“, „Како зборува, така и го завршила“, „Со оглед на тоа како зборува англиски, нејзиниот српски воопшто не е лош“ и „Треба да молчи на сите јазици“, се некои од коментарите.
Забава
(Фото) Џенифер Лопез си ја удри главата за време на проба, морала на шиење: „Многу мраз и сум како нова“

Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа среде пробата за нејзиниот претстоен настап на Американските музички награди (AMA). Судејќи според фотографиите, таа си ја удрила главата и си го исекла носот.
„Значи… Ова се случи“, напиша Џеј Ло во приказна на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која држи кеса со мраз на носот. После тоа, таа покажа како изгледа нејзиниот повреден нос на втора фотографија, а во трета објава му се заблагодари на докторот кој ја заши раната.
„Една недела подоцна и со еден куп мраз, сум како нова“, напиша таа.